Кај сите има само кај мене ли нема Прв пат ми пуштија на 25 април за март,дали и сега ке ми пуштат на 25 или нема врска датата??
Јас незнам во која група сум 4 месеци немам породилно ,,, ако ми ги пуштат одеднаш цела сума , богата ќе бидам
Даа го отворив породилното , од фирмата средиа се, во социјално однесов се што побараа и еве јуни е више 5 месец чекам да пуштат ..
Не би требало толку да каснат. За најмногу 1,5 месец откако ќе се достават документите во социјалното треба да ти стигнат парите. Оди пак прашај во социјално, да не има некој проблем со документите или да не ги имаат загубено, оти сё си бидува.
Мамички, јас сеуште не сум породена, но ми е отворено породилното кај матичната. Во фирмата во која работам, го однесов документот што ми го даде матичната докторка. Што друго треба да направам? Колку што знам од фирмата треба да пријават дека има отворено породилно, така? Дали треба и кога ќе се породам, некои документи плус?
јас бев како тебе, кога ќе се породиш извод од детето, од кај твојот гинеколог потврда, трансакциска и ќе ти кажат ако има уште нешто тогаш сметководството на фирмата ги носи, кај мене беше така, кога ги предадооа за 10 дена си дибив парички
Само породилно, копија од извод од детето и сметка, друго не треба, никаква потврда од матичен гинеколог, тоа е за други работи..
Девојки имам едно прашање, ама ве молам само оние кои знаат 100% точно да ми одговорат. Треба да се породам септември/октомври. Од утре почнувам работа во нова фирма. Денес ќе ме одјават во старава фирма. Од новата ми рекоа ќе ме пријават денес ама онака успат ми рекоа дека можело и утре. Почнувам да паничам веќе, од моменталнава фирма рекоа документите за одјава ќе биле готови денес во 13 часот, ќе имаат ли другиве време да ме пријават?
Ќе имаат, мислам дека за пријавување работат до 16:30. Јас така направив пред две години, во 14 часот ги добив документите за одјава, во 15:00 бев да се пријавам на ново работно место, за пет минути беше готово. Не бев ни трудна тогаш. Немам прекин во стажот.
За еднократен паричен надомест ок за прво дете од социјално ми бараат мајчина книшка. Се јавив кај матичната вели дека имам електронска мајчина книшка и од социјалното да влезат да ја видат дека им е достапна. Од социјалното велат дека мајчината книшка треба да ја имам во раце, Каква мајчина книшка ви бараа вам?
Mene maticnata mi vodese majcina kniska i koga gi nosevme dokumentite za socijalno baraa kopija od stranata kade sto pisuva deka e prvorodeno. Ama bidejki retki se onie koi vodat majcini mora da postoi nekoj drug nacin da se dokaze toa.
Мене не ми побарале мајчина книшка за првото, секако немав. Ама ако е за доказ дека е првородено, нели гинекологот ја издава таа потврда? @gjoker4e @Lolipop23
I jas mislev deka ginekologot ja izdava, ama koga bese mm da pobara od ginekologot potvrda mu rekle deka takva potvrda ne izdavaat. Potoa vo socijalnoto kazale deka za toa e kopijata od majcinata kniska.
Изгледа се сменило нешто. Јас знам дека гинекологот ми даде потврда за првородено пред 6 години. Па тогаш треба мајчината книшка да биде задолжителна. Јас ни со првото ни со второто немав.
Мора во ист ден да е пријавата со одјавата,затоа што од утредента почнува стажот на новото работно место. Гледам ова било вчера,се надевам дека немаш прекин во стаж...