Јас во 8 месец со толкав стомак трчкарав низ фондот, бидејќи некој таму неписмен "по грешка" стиснал delete и ме избришале (самостојно сум осигурана, инаку) На крај завршив кај директорот. Едвај се среди. Таму ти е катанга, никој ништо не знае. Мој совет ти е решението да го бараш во фондот.
Не чекав и бев кај адвокат да прашам. Сега доаѓам од кај него. Не ми делуваше како оптимист. Не го ангажирав туку само разговарав со него и ми објасна дека тоа не е така едноставна и лесна работа. Ако не сум била осигурана за време на породувањето следи наплата за извршена здравствена услуга а исто и за сите други прегледи како и за парите од социјално. Јас всушност треба да барам каде е жариштето на проблемот. Доколку е во фондот за здравство, тие сами треба да го средат тоа. Но, доколку(а според него постои голема веројатност) мојот газда ме одјавил во октомври 2013 а работите во системот на фондот, одреден период останале непроменети, па јас сум се породила и сум земала паричен надоместок, пак ќе треба да ги враќам парите. Промената на моите податоци би можела да се случи со промена на матичен лекар бидејќи претходно автоматски го отварало осигурувањето. И пак ништо не ми е јасно!!!!!!!!!
А да го исконтактираш сметководителот на поранешните газди ? Он сигурно знае до кога си била пријавена.
Ај утре ќе одам во фирмата која водеше сметковотдтво. Фала за предлогот. Јас веќе не можам да размислувам.
Anina, ако си земала плата на трансакциска за месеците од октомври до март нема шанси да не си била пријавенa...
Целата работа била во грешка од фондот. Уште и ним не им беше јасно ама по некоја случајност во октомври 2013 (кога си ја земав здравствената картичка) ме имаат одјавено. Никој не приметил а и тоа не знам како. И плата земав преку трансакциска, и се породив и од социјално пари земам и се е во ред а во фондот сум одјавена. Газдите мои регуларно си имаат плаќано се и сега нивниот сметководител ќе ја избрка работата до крај. Во фондот се чудеа. Ми кажаа дека нема потреба од паника, дека се ќе се среди само да се донесат потврдите од платени придонеси.
Имам прашање дали некој знае... Знам дека породилното е просек од последните 12 плати... Е сега, ако последнава плата ми е многу повисока од сите претходни, 3-4 пати, дали ќе ја израчунаат и неа во просекот или можно е да ми направат некој проблем?
Едмо пρашање.....дали неκој од вас земал плата (поρодилно) за септ?? Јас обично земам оκолу 1 во месецот.....но сега сеуште ништо нема......па да пρашам дали е пρоблем само κај мене....
И јас немам земено за септември а земав 3-5 во месецот, се јавив во фондот и им пратив мејл и ми кажаа дека септемвриските исплати биле во тек,ко јас да живеам во друга држава и не знам.Требаше да кажам дека од 20 октомври се почнати уплатите не се сега.И ми кажа да сум проверувала а јас го дупнав телефонов од проверување.
i jas seuste nemam zemeno za oktomvri a za septvri mnogu kasno Zedov posle 26 oktomvri. a na koj mail pisuvas mozes da mi kazes kaj mozam da se obratam i jas?
мамички да ве прашам ,кога го пуштаат породилното,значи мене воопшто не ми пуштаат ,ни еднаш не земав само проверувам и нема,требе за август,септември,октомври и уште ништо нема,пуштаат редовно и кога?незнам што е проблемот
Имаат ли абер да ни пуштат плата?Ова е невидена работа кредити,памперски,марамици,креми,шампони ,храна за бебето со што ќе му се купи?Нервози до плафон,среќа што сеуште имам млеко .Место да се даваат платите најпрво за родилките ние сме на последна "рупа на свирало".Крајно неодговорно.
За октомври уште мислам кај никого не е пуштено.За август и септември јас зедов октомври на крај на месец.Се зависи кога си ги поднела документите.