Колку време по породување најкасно може да се достават документите за породилно? Јас ќе правам месец и уште не ми се доставени, ми касни изводот од бебето, па страв ми е да не ми пропадне породилното, а треба да чекам уште 15 дена за изводот
Мајки да ве прашам. Мене ми е отворено породилното на 07.06. Се породив на 30.06. Дали треба да однесам некој документ некаде дека се породив или не. Исто така ме интересира и кој документи и каде се поднесуваат за еднократна парична помош.
Ако работна организација ги доставува документите до фондот, тогсш само на работа достсви извод од матична книга на родени како доказ дека си породена, ако не самс достави го изводот до фонд.. Зс еднократна во мојот град пред 4 години ми побараа отпуснс листа, мајчина книшка копија само страната со прегледите, извод од бебето и трансакциска сметката.
Моето искуство до сега покажало дека најрано земаме втора група на 13ти... Е сеа ако сакаат утре да пуштат за Петровден не ми смета ама сум скептик. Обично кај 15ти земам...
Ако си вработена, најдобро е од работа да ти ги поднесат документите. Се поднесува копија од извод, породилно од матичен гинеколог и копија од т-ска сметка. Релов најдобро од работа да ти ги поднесат заради проверка дали точно ти е пресметана платата за месецот.во случај да треба да се корегира ќе чекаш подолго. Инаку поднесувањето на документите од фирма е електронски и трае 5 мин а подобро е и бидејќи се следи статусот на предметот на пр. Поднесен, чека на обработка, одобрен итн. За еднократната помош не знам волку детали, пред 3 год земав а за второво не ми следува