Немам сеуште, а досега 6 месеци редовно земав во првата група.Ќе видам денес дали ќе пуштат,ако има веднаш ви пишувам тука.
Јас минатиот месец имав исплата на 27. Секој месец отприлика во тој период ќе ми стигаат пари или има разлика. Кај мене во фирма околу 7-8 се зема плата
И минатиот месец прва група ми пуштија пари. Читам некои зеле уште вчера,ќе почекам до 15 часот,се надевам ќе пуштат
Надоместокот од Министерство за труд и социјална политика е еднократна помош за новороденче, како таква не спаѓа во група на приходи на кои се плаќа персонален данок на доход. Додека пак надоместокот кој го примаме од општина е оданочен, бидејќи секоја општина по сопствена иницијатива и одлука од совет исплаќа одреден износ по основ на други лични примања за кој истата плаќа и персонален данок. За овој вид на приход општината праќа и потврди на лицата - приматели со кои се пријавува данокот.