Porodilnoto go otvoriv na 04.06 i uste nemam nikakva isplata, dali treba da pocekam ili da se javuvam, nekoj da me sovetuva ?
Пиши им на маилот, ќе ти одговорат. Можно е сега да ти пуштат за брзо. Ама ако нешто не е во ред со документите ќе потрае. Пиши им име и матичен број и ќе ти кажат info@fzo.org.mk
Поднесени ми се документи во фонд на 12.07. Уште нема исплата, плата има пуштено. Дали пр. доколку ми пуштат на 27ми, после секој месец тогаш ќе пуштаат? И дали ако не исплатат за јуни до 01.08, би пуштиле за брзо и за јули?
Ехеее чекај. За јули уште нема пуштено. Најрано некаде накај 10 август чекај ги. Едит, за јуни ли чекаш? Веројатно и тие заедно ќе ти ги пуштат. Или за неколку дена разлика. Мене бар така ми ги пуштија.
Да ве прашам, нели породилно е 100%? Зашто они рачунаат по саати, нели така губиме (плус и кога има празници)??
Да бе стварно, не ми текна ма да боље би било секој месец пр. Да би земале 10000, а не еден 9000 друг 11000..
Девојки, Породилното ми е отворено од први август. Нели се отвара кај матичната. Документиве што треба да се однесат, вклучуваат и извод од новороденче, а читам тоа се чека и по 10 - 15 дена. После со отпусната листа и потврдата од матичен, ќе фати скоро 20 - 25 дена како се пројдени дур се соберат сите за во фонд. Не е проблем што толку се чека?
За извод се чека 5 работни дена. Нема да е проблем ништо, но колку побрзо ги средиш документите и ги доставиш, толку побрзо ќе си имаш парички на сметка
и јас за 5 дена го добив а предходно ги однесов сите документи во фонд за да фатам реф и на крај само однесов извод и отпусно
За извод чекавме две недели! Факт! А во фонд без извод не земаат документи. Сега чекам колективните да поминат за од фирма печат да добијам во здравствена книшка, па тек тогаш кај матичен.
Јас извод зедов за 5 дена. Бебе на лекар може да го носиш и без книшка. Свесни се докторите дека треба време да се среди документација и не прават проблем, ниту ги наплаќаат прегледите.