Јас сум од први јули на породилно и во петокот ми легна само една исплата.Претпоставувам за август би требало да ја добијам средина на месецов :/
Зарем не пуштаат на иста група во ист ден, или секој ден има исплати? Јас сум на породилно од 31 јули (отворено ми е пред да се породам) , но документите ми се поднесени на 3ти септември. Решение добив за 4 дена. Има ли шанси да добијам исплата во скоро време?
Некој да не има инфо денес дали ќе се пушта нешто? Да не пишал некој во Фонд? Јас веќе незнам која група кога е секој месец различно
Сите групи се веќе исплатени овој месец? Ја чекам последната исплата ама ни денес нема. Обично од 10ти до 15ти во месецот најдоцна ми исплаќаа.
И кај мене нема исплата, јас земам секој месец до 15ти. Ама изгледа дека е за последен месец па уште немам...
Првата исплата денес ми е само пола сума од плата После некој ден ли да чекам друга половина за август и половина од јули?
А колкав е отприлика периодот од достава на документи со исплата, има некој посебен период од некоја недела или?