Здраво девојки. Мене породилното ми е отворено од денот на рагање 19.10. Како ке ми го сметат сега еден месец од 19.10 до 19.11 ли и кога би требало да ми пуштат на сметка пари ако може некој да ми објасни?
Од 01.10 до 18.10 фирма ќе ти пушти плата, а од 19.10 до 31.10 фондот ќе ти пушти. Тоа ќе ти биде за Октомври. Ко ке добиеш за Октомври отприлика тој датум сл месец и за Ноември (а може и за Октомври и Ноември да ти пуштат заедно). Ваљда не утнав нешто, нека ме поправи некој.
Здраво, Дали има некој информаци во врска со оваа што бидна,сега една пријателка ми вика дека нејзина колешка отишол на породилно отсуство 18 месеци е веќе?јас во нет успеав само ова да го најдам? https://www.akademik.mk/prodolzhuva...odneseni-od-11-868-gragani-pred-pratenitsite/
Јас денес конечно зедов за септември. ^ Породилното отсуство трае девет месеци, мислам дека од ова со 18 месеци ништо не испадна.
И кај мене каснат, а на работа примиле плата пред 15 дена Добив информација дека "имале" тројца директори во моментов, па ако веќе сакаат да директоруваат да си ја завршеа работата на време
Незнам што се случува, минатиот месец на десети земав...Претераа векје кје чекам до понеделник ако не во социјално, еден месец трудничко не ми исплатија, кога отидов ми вика заборавив за август да ти пуштам, па да не заборавила и овој месец
Добро утро мајки Јас породилното го отворив на 1 октомври а се породив на 9 октомври. Па ме интересира дали сега во ноември ќе ми пуштат породилно? И на која дата отприлика. Не знам како е процедурата па зато прашвам Да знам дали да очекувам и да се надевам или не Фала ви однапред на одговорите
Па изводот од малата и копија од трансакционата ги доставив кај книговодителката на 17 октомври...На тој ден го извадовме изводот и ги средивме сите документи. На 16 ми стигна отпусното писмо од болница. Се надевам таман сум поднела се.