Хаха не, во Велес во фондот немаат работа, а јас сум и ја нарушила монотонијата или сопругот ги фатил расположени за работа.
И јас го чекам последното породилно јас на 19-20 зимав ама сега ми рекоа од фондот ќе си почекам дека е последно
Јас не земам породилно туку боледување за ризична бременост...прв пат треба да земам сега и не знам како одат тие работи. Не за друго, на 15 ми врви рата за станбен кредит и зато ме интересира
Јас бев исто на патолошка. Да ти кажам си ја почекав првата исплата. Останав на боледување на 1 септември, а зедов мислам ноември.
А кога тоа? сега скоро или пред екое време? Оти кога прашав во фондот во Битола ми рекоа дека според новиот закон не се чека како порано со месеци туку побрзо се исплаќаат средствата
мене денес ми стигна решение за боледување заради ризична бременост. Сега по колку дена да очекувам пари?
Тие 3 месеци може да се земат веднаш по завршување на породилното, или треба прво на работа да се отиде? Сите 3 одеднаш се земаат или може месец за месец? И каде ги земам, на работа поднесувам барање за неплатен одмор?