Ова е луда работа жими се. Пред две недели пишав мејл во фзо дали се примени дукументите за породилно и дали се ок ми одговорија дека се примени обработени и дадени на контрола. Сега праќам кога ќе имам исплата ми одговараат сека не се поднесени дукументи и дека сум имала уште еден налог за исплата за патолошка. И сега?
Не знам точно кога ми се поднесени документите ама вчера добив исплата за едната недела од декември, а не и за јануари. Нормално е што не стигнаа заедно? Ќе стигнат овој месец?
ипринтај ги двата мејла и правац на спрат во фзо. не мора ти, прати некој. или кажи им на работа да ти го кажат архивското бројче на барањето за надоместок, така ќе видиш дали поднеле или не
Мене некој ме зеза поштено. Освен отпусно писмо,извод од бебето дали треба дрг дукумент да се однесе во фирма?
Мене ми пуштија прво за 5 дена од ноември (ова во јануари), па после неколку дена ми стигна и за цел декември, така што би требало да очекуваш деновиве
Барање и ИСР образец од гинеколог. Зошто сама не ги однесеш? Дали во фирма, дали во фзо исто ти се фаќа. Бар во фзо ќе завршиш работа.
Сама ќе однесам бидејки ги испогубиле дукументите и уште ме мафтаат. Јас чекам исплата а дукументи нема во фзо однесено. Јас отворив породилно од 2 декември а се породив на 14 ти е сега од фондот ми пишаа дека имам уште еден налог за исплата од паталошка,за кој денови е таа исплата за пола декември?
Не сум 100% сигурна ама мислам дека од работа документите ми го поднесоа на 25.01, а на 05.02 добив прва исплата за 7 дена од декември. Прилично се брзи.
Здраво сакам да ве замолам за една информација, дали ако на работа ми ја покачат платата од нареден месец на 25000 истата ке ја земам и кога ќе бидам на породилно, сега сум 9та недела или веќе е доцна за тоа?
јас знам дека се зема просек од платат во последноте 6месеци пред да се отвори породилното. Ако сум грешка нека ме поправат.
Последните 12 месеци е просек, или 6 месеци зависи од кога и колку е на работа. Може на 25.000 да Ве осигура фирмата.