Прва исплата од породилното добив на 22.01. Дали сега секој месец ќе добивам пари на таа дата? Да знам кога да ги очекувам
Јас секој месец различна дата земав. Имаат групи како ги распоредуваат не знам. Важно земав редовно месец за месец.
Дали некој знае доколку ви кажат од фзо дека предметот е во обработка, а документите се испратени минатата недела за колку време би била исплатата?
Како што тргнала работава пари немаат намера да пуштат ќе ги чуваат за избори а некој што треба кредит да плати до 15ти баш им е гајле
Провери да нема некој проблем, моите документи се поднесени на 25ти јануари а веќе добив исплата за декември.
Да прашам и овде... за исплата на породилно, просек се зема за последните 12 месеци. Јас бев на патолошка поголемиот дел од бременоста и не ми е јасно просекот што ми го извадиле како е пресметан.. Дали треба да биде според платата од фирмата во која си пријавен или просек со намалените 30% во месеците кога бев на боледување.. И дали во просекот се пресметуваат дополнителни примања од фирмата, бонуси, к-15, регреси.. Кој има искуство, плс да сподели зошто никако не ми се совпаѓаат пресметките
Има породилно. Дополнителни примања не спаѓаат во пресметки, освен бонусите ако ти се праќани заедно со плата (во една уплата). За просекот, мое мислење е дека би требало да се вади само од платата, не и од боледувањето кое си го зимала.
Дали со последната исплата на сите каснат? Да се надевам дека ќе пуштат во теков на неделава или да си чекам на крај од месецот?