Na tutunska legnuvaat parite posle 4 na stopanska moze i porano zavisi od fondot koa vreme gi pustaat.
Јас само што се јавив,ми рекоа имало промена на главен раководител,тој што потпишува боловања И сите документи ми биле одобрени ама тој морал да се потпише последен,бидејки сеуште нема стаено нов раководител затоа немам земено Другите што земале биле потпишани од предходно пред да биде сменет...и не се знаело кога ќе имам...аман веќе
Bella* те читав од претходно зарем поднесено на 10 јануари и се уште немаш земено ништо а јас поднесов на 6 февруари и гледам секој ден на сметка да не ми легнале значи воопшто да не се надевам.Срамота од држава сме ќе чекаме 3 месеца за да исплатат трудичко
Јас мислам дека ми ги забаталиле моите документи нешто искочило,неможе до волку да се чека,еве другите си земаа веќе,остај ја сум баксуз секој ден проверувам и јас ама ништооо,не потпишал раководителот Демек
Да не лутам по страниве наназад,може да ми кажете кои документи се потребни и каде се носат?пошто сакам сама да си ја завршам таа работа,од работа некако не ми се многу одговорни.Благодарам
Јави се во ФЗО да проверат дали е се ок со документите. На пр. јас поднесов на 6 Јануари се уште нема исплата, па испадна дека имало некоја грешка со нето платата за еден месец.
Се јавив ми рекоа чекале да се потпишел некој главен раководител па да пуштеле,само тој потпис ми фалел
ElizabetaB@fzo.org.mk Пиши на овој мејл и одма ќе ти одговори убаво. Ако си се јавила пишии на Бети да видиш што ќе ти каже.
Мене секој месец ми каснат со тие исплати што дури се навикнав веќе. За Декември ме исплатија на 24-ти Јануари. За Јануари сеуште нема ништо ја следам сметката електронски преку тел апликација. Во фирмата кај што работам пуштаат плати НАЈДОЦНА до 5-ти за претходниот месец,ова е срамота со бебиња сме. Да не е платата на маж ми,ќе немав за ад. Струја ми стигна 9300 за минатиот месец ццц но тоа е башка тема.
Исто. Чекам од 19ти па до крај на месец. Лошо е ко ќе ти пуштат на 19ти па следен на 27ми. А плата на 10ти редовно. Нез уште 8мес како ќе издржам.
Читам спомнувате некое решение. Кога поднесував документи не ми го спомнаа, таа на шалтер рече само да си чекам исплата за неколку недели на сметка. Тоа по пошта или на мејл стасува?