Има ли некој што уште не е исплатен за јануари? Им пишав и меил и никаков одговор не добив, навистина ја претераа месецов
Мене уште не ме исплатија,ги преминуваат сите граници ! Незнам како немаат во обзир дека сме со бебиња. Има секакви случаи,може сме разведени па зависиме од тоа што го пуштаат,може само едниот родител работи,може се... Се што купував месецов јадења пиења ад млека е од платата на маж ми. Дојде живот!
Исто потполно и мнг сум нервозна воопшто не е фер ова...страшно!!! Јас немам земено ни за декември ХАОС
Како бе ни за Декември? Постои ли некоја институција кај што можам да ги пријавам да ги исконтролираат што прават вработените таму , уствари и има ли воопшто вработени? Читам некои ги исплатиле и за Јануари,нас уште не. Пишете на кој мејл да им се обратам вака да им кажам се што ми лежи на душа ако ги читаат мејловите воопшто?
Има меил на страните поназад оставено, ама прашање е дали ќе ти одговорат, мене фино лепо ме изигнорираа.
Мислам треба да се јавите и да прашате да не има некаков проблем. Не може за Декември да нема исплата. Кај мене е редовно, најкасно секој 15ти во месецот. Некогаш и порано.
Јас и меил пишав и секој втор ден се јавувам ми викаат не е до нас од Главната раководителка не е потпишано уште за исплата иначе се е во ред со вашите документи...и така си чекам "главната" да потпише демек
Рано им текна,утре е последниот ден на месецот Февруари. А за Февруари кога да очекуваме исплата прашај, 31-ви Март ? Сепак фала за инфото, јас ќе те следам наредниве 3 месеци,другите членки може и подолго