Па во законот пишува демек задолжително 28 дена пред терминот за породување да почне трудницата да го користи боледувањето. Но тоа е нели само на хартија. Мене ми отворија на денот на породување. Колку покасно толку подобро,за нели кога ќе мора да се вратиме на работа бебе да има 9 полни месеци.
Кај мене да,пуштија на 28-ми како што пиша членката горе. Ако нема кај тебе ангажирај го лицето кое поднело за тебе,во мојов случај беше сметководителот. Собери документи и оди им таму,најди некој бебче да ти го чува. Очигледно има некој проблем.
Феминки да Ве прашам, паричен надоместок за прво дете дава општината и министерството за труд и социјала. За општина најдов што документи треба, ама за тие 5000 надоместок за прво дете од министерството не најдов ни што документи треба ни каде треба да се однесат. Помош?
Не разбирам за кој месец чекате исплата ? За Јан пуштија на 28-ми Февруари,чекаа до последен ден. За претходниот месец би требало да пуштат на крај на месецов толку се ажурни
Што ќе правиш сега со толку многу пари ??? Во меѓувреме пари за памперси,ад млека,партали за бебе од небо ни паѓаат знам,додека чекаме да пуштат за два месеци наеднаш Башка излегуваат еден куп непланирани трошоци за сокови и купечки благи за досадни гости кои сакаат да видат бебе. Јас си се обезбедив до следна уплата
Убаво ми дојдоа да не мислам за кирија на почеток на месец Како што немав земено два иполо месеци ништо да ти кажам многу добро ми дојдоа. Среќа што синко е на доење и што пелени добива од баба и дедо иначе со една плата два месеци тешко беше. Јас гости не примам уште,имав само една тура а нив ги пројдов со жужи покачици и ресани
Дали некој може да ми објасни како е целата постапка за породилно? Каква документација треба и каде треба да се однеси? И на работа што треба да направат? Бидејќи кај нас на работа немало досега некој што одел на породилно и незнам каква е постапката и што документи треба да се достават тука и што треба да се среди од местото каде што работам? Благодарам однапред.
Треба да однесите во Центарот за социјална работа во вашиот регион: Лична карта од мајката-копија, мајчина книшка со фотокопија од страните каде што пишува дека одела на прегледи(3,5 и 7страна), извод на родени за бебето-копија, лична карта од таткото на увид, копија од трансакциска на мајката. И таму ќе ви дадат да пополите еден формулар. По можност да појди мајката да пополни.
да не знаете кога би имало исплата за февруари ? минатиот месец ми пуштија на крај на месец па не знам дали ќе биде на иста дата ?
Најверојатно повторно на крај на месец. Јас земам од 23-25 во месецот, со исклучок на февруари кога чекаа до последен ден за исплата.
Исплатата кај секого е различна. Ми кажаа дека имало нешто врска и со работодавецот кога ги исплаќал платите, наводно социјално исплаќа недела дена до десет дена откако ќе примат плата во фирмата. Така беше кај мене, плата на 15ти, јас породилно на 23-25ти во месецот.