Породилното ми е отворено на 05.03 а породена сум на 11.04 прв пат породилно земав сега во петок. Дали треба да земам уште едно за март и кога би ми го пуштиле? Фала ви
Може ли инфо прво бебе ќе ми биде па не знам како иде.. Прво ме интересира колку најкасно или најрано можам да идам на трудничко? Дали за извод се поднесува во болницата каде што ќе се роди бебе ( ја сакам во Чаир да се пораѓам) , и што треба да однесам на работа за да почнам трудничко да земам, дали они од фирма сами си ја тераат процедурата? Ќе Ви бидам благодарна за овие информации
Најрано можеш 28 дена пред термин, најдоцна на денот на раѓање. За извод не знам, од муабети само, сите ваделе извод позади хотел Стоун Бриџ. Во центар. А за на работа прашај си, дали документите да им ги дадеш или сама да ги носиш во фонд. Обично сметководство ги носи. Се носи потврда/извештај од гинеколог,икопии на лична карта, трансакциска и извод од бебето.
Женски сакам да ве прашам нешто. Во август треба да се породам и бидејќи ќе бидам на породилно дали на крајот на годината ќе ми следува к-15?
Јас кога отидов на породилно однесов на работа потврда од гинеколог со точно утврдени датуми кога идам и кога треба да се вратам. После породување се оди кај гинекологот со отпусното од болница и издаваат друг документ кој заедно со извод на родени од дете се носи во сметководство на работа. Јас док за вадење на извод ги поднесов на ГАК и уште го чекам изводот . Поминаа веќе 24 дена и не можам да ги комплетирам за да се однесат во ФЗО инаку си ги носи самата фирма.
Дали за породилно се гледа просек од последните 6 плати или тоа е за ново вработени? Што се случува ако последните 3 месеци родилката е на патолошка со исплаќање на 70% од плата, дали и тоа влегува во просекот?
Значи породилното се пресметува од последните шест плати.Доколку си била на патолошка тоа не се рачуна и јас бев цела бременост на патолошка и пак земам цела плата
Тоа не ми беше јасно. Затоа што влегувам во 6ти месец а постои голема веројатност да останам на патолошка до 9ти заради скратен цервикс и ризик од предвремено породување. Фала ти
Просек од последните 12 месеци се зема, освен ако си вработена само 6 месеци, тогаш од тие месеци се рачуна.