Ме интересира колку дали може да се продолжи породилното со нега ма дете, малата има дијагноза појачан тонус - хипертонија, јас не сум во работен однос но си плаќав придонеси и така остварив право на породилно. Сега дали може да земам нега на дете, кој ги плаќа придонесите за тој период и колку посто се зема од плата?
колку исплака општината надомест јас не сум од Скопје а бебето ми е родено таму.. дали во Ск треба да поднесам барање за надомест ?
Сон нема да ме фати додека сабајле се јавам вп сметковотство да прашам зошто скоро 13.000ден имам помалце? Породилно отворив 1ви април? Две плати имам со 13.000 помалце. Нели 100% е исплата?
И кај мене има исплата за првпат .Него за јуни ми пуштиле целосно,а за мај немам ништо земено,се породив на 13мај.До 13мај ми исплати фирмата,а за остатокот од месецот не ми пуштиле еве денес.Мислев дека со јунскава исплата ќе ми пуштат ама еве нема.Некој со слично искуство. И на кој меил пишувате ако имате некое прашање за породилново?
Здраво, цела бременост бев на патолошка, породилното ми е отворено на 12 ти јуни, а јас се породив на 9ти јули. Поднесов документи на работа уште тогаш па ме интересира која е следна процедура, дали треба сега нешто да се носи..прво дете ми е и не сум многу упатена.. и кога има исплата и слично...