Мамички породилно отворив на 22 мај ама немам никаква исплата досега.дали прво треба да ми стигне решение дека сум на породилно или одма се почнува со исплата?
Нема врска кога ќе тистигне решението. Јас прво имав исплата па после ми стигна. Јави се во фонд, прашај.
Мене ми стаса решението сега ќе чекам во август кога ќе пуштат.Минатиот месец имав една недела од боловањето и беше пресметано со платата.
Женски, на породилно официјално сум од почетокот на јули, но сите документи вклучително извод од бебето се поднесени во фзо околу 18 јули. Дали можам да очекувам во август исплата за јули? Како знаете во која група за исплата сте и на кој број можам да прашам? Ви благодарам!
Јас се породив 16 јануари, документи поднесов почеток на февруари, за пола јануари и за цел февруари земав исплата 10ти март. Која група си ќе знаеш по првата исплата, не сум сигурна ама според тоа што имам читано на форумов мислам дека се три групи, и секој месец отприлика иста дата се зема исплата. Јас секогаш добивам најкасно до 10ти во месецот исто како првиот пат.
Денес ми стасаа ама како за една недела боледувањето ми е отворено од 24 06 и се јавив во фондот ми вика зависи кога ти е отворено вика е за јуни ти се ако се малку пари за јули е рано вика почеток на месец е па сеа ќе видам за јули
Породилното ми е отворено на 13.05, се породив на 17.06 и документи однесов после 2 недели, кога треба да очекувам породилно? Пуштаат одеднаш за испуштените месеци или прво треба да чекам за мај половина, па нареден месец за јуни?