Мамички кога ги поднесов документите за породилно во социјално ми дадоа ливче ама не ми кажа за што е. Што треба да правам со него се носи ли негде?
Во банка јас носев еден лист, ако е тоа, без да го поднесеш не може да пуштат пари. Јас сум во Стопанка, само го дадов таму и они со средија што требаше, јас само се потпишав.
Малото ливче е само доказ дека си поднела документи, тоа е за тебе. Ова што кажувам е голем лист, А4.
Со тоа ливче после еден месец одиш да ти го дадат "големиот лист" што ти го кажува Spidy. Тој е всушност социјалниот број кој треба да се земе од ЦСР и да се однесе во Банка да го поврзат како би ти легнале парите.
За еднократната знам дека треба да одам да ми дадат бројле, само што сега таа не ми даде никакво ливче само ми рече дојди за месец дена по бројче. А за породилното ми дадоа мало ливче тоа незнам за што е
За породилното толку е, сега ќе чекаш исплата на сметка. А за еднократната се чека прво да одредат дали ти следува (не сум слушнала на некој да му одбијат, ама така е процедурата), и кога ќе одиш пак ќе ти го дадат листот за банка. Баш ми напоменаа дека тој лист ако не го однесам во банка, нема да може да ми пуштат пари.