Констатацијата ти е скроз на место мила...истото го прашав и јас, и не, не ми следува дупло НИШТО!... близнаци се воделе како прво дете (или второ, зависи дали претходно веќе имаш родено, мене ми се први)
Колку што знам, од близнаци секогаш се рачуна едно дете. Логиката им е дека си планирала едно дете, второто е несакајки и затоа не даваат ништо за второ дете. Ако веќе имаш едно дете, за близнаците даваат како за второ, ама не даваат за трето. Или ако прво имаш близнаци, ти даваат како прво дете за нив, а после близнаците ти даваат како за трето ако имаш уште едно.
Да,да, се разбираме, и јас така го сфатив... тоа е, да се живи и здрави... мама и тато ќе заработат за своите дечиња!
Јасно дека е несакајќи ама сепак е трошок нели... ај па ако не, да го фрлиме во друга држава таму да го гледаат ... чудна е логикава ама па кај нас што па не е чудно..
Дали знае некој за второ дете каде треба да се поднесат документи за надоместок и колку изнесува? Во општина, во фонд ли? Имам заборавено
@Emma2 @Spidy значи дефинитивно државава ни е мизерија. Јас се жалам со едно и се срамам кога помислувам на тоа па тек па како ти е тебе со две. Јака ти душа. Позитивното нешто од сето ова без разлика дали е сакајќи или не, е што си доби 2 среќички наеднаш. Зарем не би можеле жените со близначиња да се организираат за некој протест нешто за да се измени законот? Можеби би можеле да сменат нешто. Навистина не е коректно да не им се даде некаква додатна помош. Еве на пример ти во случајов си приморана да плаќаш жена што би ти помагала со нив. Барем да може да се измени законот тие жени да спаѓаат под државно, т.е. државата да ги плаќа ако ништо друго.
сигурно имаат некоја грешка прашај со време. во детска заштита. Одкако таму ќе одобрат ќе те пратат со решението во труд и социјала а од тука во банка.
Срамота ова навистина, требало да земеш 5000 за едното и 20000 за другото. Тие што имаа едно дете па после добија близнаци ги следуваше паричниот надомест за 3то дете во наредните 10 години. Елени од форумов така беше и си зеде мислам жената.
Така е миличка, во право си за се, ама дур се смени нешто мене бебенцава ќе ми пораснат, ..јас немам време за размислување, мене ми бараат храна бебенцата, со доење неможам да постигнам за двете,..ако ти се верува ние секој трет ден купуваме Ад млеко, плус и на мајчино се... а за пелени да не правам муабет нели... тоа е... и да, жена плаќам за да ми помага, пола од породилното ми оди за жената...фала Богу што има добра плата та иначе...а и маж ми што има добро плата, иначе незнам шо ќе се правеше... Можеби и ќе се смени некогаш тој закон, не за друго, испаѓа како кога ќе добиеш близнаци одма да се разочаруваш од старт, а за тоа дека е напорно тоа е друг муабет и не се жалам,си ги сакам најмногу на свет...биди ми поздравена.. среќички големи се да знаеш,нема помило нешто на светов...
Дечки, ви кажувам што сум добила јас и како ми кажале...не знам за други навистина... а и немам зошто да ве лажам,која е поентата? плус имам блиски луѓе во министерство, така е како што ви викам...
Ама кој рече дека ти лажеш? Јас по државата плукам за нелогичноста на меркиве, баш за близначиња треба повеќе да се помогне, а тие ги рачунаат како 1 дете.
Океј, која е таа Елени од форумов, баш еве нека каже како добила толкава сума, јас кажувам дека добив од социјално 10.000 и од општината во која живеам 10.000... ако се мисли на тие 20.000 вкупно, тогаш тие се,.. може па и јас нешто се збунив... значи од две места добив по 5.000 од дете... а за тој додатокот за второ дете не... тоа е тоа..
Ема си правиме муабет, зошто таков тон? Муабетот со тебе ми беше еден, а Спајди ја цитирав за друго. Во твојата ситуација го искоментирав само фактот дека многу малку пари даваат, ништо друго. Значи само мое лично видување за мерката. Извини ако нешто лично го доживеа, не мораше да ми одговориш. За Елени муабетот беше друг и не се однесуваше на еднократната помош, туку за мерката паричен надоместок за 3то дете кој сега уште малку ќе го укинат. Сакав да кажам дека во тој случај близнаците ги бројат како 2 деца и ако имаш уште едно поголемо следуваше надомест како за 3то.
Хехе абе каков тон, ми слушаш тон? се зезам... сериозно, не ти замерив за ништо, нема за што...погрешно си ме разбрала, друго е на пишан збор,друго е во живо...немај гајле се разбравме убаво! А за таа Елени океј, го фатила последниот воз, сега веќе не важи