Чим има по другите ќе стигне и на Тутунска, колку што знам не делат по банки... вајда имаат попаметна работа во Тутунска, па не ги процесирале уште
Јас се јавив сега, ми рекоа фирмата кај што сум вработена нема пуштено уште плата кога ќе пуштат они тогаш ќе ми пуштат породилно до сега секогаш на 1ви пуштаа плата, затоа на 10ти сум зимала породилно, ама месецов заглавиле и којзнае кога ќе пуштаат
Не е точно ова. Кај мене во фирма секогаш после 15ти пуштаат плата па породилно секогаш на 10ти сум земала, освен овој месец. Најверојатно нешто со групите имат испомешано.
И јас мислев дека нема врска, ама таа само што отвори во систем ми рече ама кај тебе во фирма немаат пуштено уште плата, одкако ќе пуштат тогаш ќе имаш породилно... и јас викам не збаев дека е поврзано, вика да да мора прво да пуштат од фирма...
Мислам дека има нема во која група на фб видов во коментар Но не оди по банки пди по групи а месецов се испомешани
Не знам колку е соодветна темава, но сите веќе имате отворено породилно, па ќе прашам. Јас до сега користев одмор и од денес сакам да отворам породилно отсуство. Дали можам да земам документи од кај матичниот и да ги однесам на работа или треба да чекам да се роди бебето? Не ми е јасен овој дел баш, бидејќи имам слушано за нешто се чека пораѓај, ама не знам за што точно. На работа таа исто поима си нема, ми вика како ќе ти го регулираме отсуството ако не донесеш боледување и збунка сум. Ви благодарам