Пак ќе прашам а истото секој месец го прашувам... Зошто напоменувате која банка нема/има? Да резимираме : НЕМА ВРСКА КИЈА БАНКА СТЕ.
Да се роди бебето ќе чекаш а на работа ќе ти отворат породилно. За документи треба живо родено бебе. Отвори си и со лесно
Сега од матичен може да земеш потврда само за да ја однесеш во фирма. Откако ќе се породиш со отпусна листа се оди кај матичен пак и ти дава ИСР образец. Тој образец со извод на родени од бебчето и копија од трансакција ги носиш во фонд или на работа.
Не треба да чекаш да се роди бебето,во мојот случај беше така но мислам дека 28 дена од термин може да си отвориш породилно. Оди кај матичниот тие знаат се ќе ти објаснат ,со леснотија
За да отвориш породилно не треба да си породена можеш 28дена пред термин но за да почнеш да примаш паричен надоместок мора првин да се породиш па да извадиш извод на родени за бебето о сите останати документи о дури тогаш се зема исплата за породилно
Гинекологот ти отвара боледување .Знам дека може 45 дена или 15 дена пред пораѓај според закон.Откако ќе се породиш гинекологот спрема извештај и со отпусната листа од болницата каде сте се породоле и извод од бебчето ги носите на работа или пак во фондот (зависи дали сакате птеку работа или сами да си ги однесете во фондот)за да ви отворат породилно отсуство. За секој случај видете со матичниот гинеколог.
Фала ви. Изгледа ќе треба да одам до кај гинеколог, ама од денес требаше да го отворам, а јас го пропуштив денов незнаејќи што да правам. Утре не знам дали ќе ми го отворат од 12
Ќе ти запише дека од 12-ти не одиш на работа, внесуваат во компјутер само од кој ден веќе не одиш на работа. Јас само се јавив и кажав дека веќе не одам на работа, после тоа од како се породив се отвори боледувањето.
јас вчера вечерта го пратив мм да провери немаше. Инаку комерцијална банка сум. Искрено не ни верувам дека ќе има денес. Тек од 15 ти. А баш ми требаа за викендов. Ми го пореметија цел план.
I mene da ti kazam, bash ocekuvav za vikendov da se ima plus nekoj denar... ama nisto od ponedelnik ke cekame pak
Мислите дека нема да има денес, дека некои од прва група вчера земале би требало останатите денес, по некоја си логика?
зарем некој вчера зел?? Јас па и на фејзбук по групине следам немам прочитано дека некој оваа недела зел
Дада имаат земено од сите банки по некој зел, е сега и јас сум 1ва група а немам ништо се надевам денес!?!
не врти во фондот. Читав на фејсбук неколку членки кои се јавиле добиле многу вулгарни одговори и некултура од страна на вработените. Џабе ви е и да се јавите.