Може не дава секоја (за второ дете може и не даваат) но не се изјаснив убаво сакав да и пишам дека се зема од општина на која родителот е жител, а како ги пишуваат во други општини тоа не знам
Јас уште сум со моминската адреса на документите, така ќе можев да барам од друга општина. Ептен и маж ми и јас сме од иста општина и во истата и сега живееме, иначе да се преселев во друга пак ќе можев во старата да аплицирам.
Ама она пишува едното во кавадарци другото неготино. Тоа е и друг град и друга општина. Што значи ако некоја се породи скопје а живее тетово и адресата на живеење и е во тетово бебето не е жител на општина автокоманда пример..
Ne mu se znae data sekoj mesec razlicno pustaat i prvo treba izvod od deteto da se odnese vo firmata ili sama vo fondot zavisi kij ti gi podnesuva dokumentite i posle te isplakaat
Се ми е однесено и завршено со документација плата исплатена од фирма и сеа се чека од фондот. Фала за инфо ♡
Мами кои документи се потребни и кде треба да ги однесам за породилно?(наскоро треба да се породам па да знам) Воедно и за еднократна парична помош за новороденче кои се документи треба и каде се носат?
Боледување од матичен гиниколог и извод од бебето на работа и од фирма средуваат понатака.А за новороденче трансакциска сметка извод од бебето и барање од бирото за вработување ти го даваат ги пополнуваш и после ти стасува дома решение со бројче и одиш со него во банка и они ти кажуваат кога има исплата
Здраво мајки не знам дали прањево е за тука ама сакам да прашам нешто Дали вработена со договор на дело може да е отпуштена од работа а она да е на патолошка бременост
Здраво,матичниот гинеколог денес ми го напиша породилното од утре,прашање ми е што треба друго да се направи и кои документи се потребни за нели да имам месечна исплата..незнам како идат овие работи,мм беше за породилното па не го прашал гинекологот што како треба понатака..извинете за долгиот пост. Убав ден
Мене на работа ми кажаа се што треба да им однесам и они си го истераа пријавувањето. И извод од бебето требаше, па откако беше готов тој, после тоа ме пријавија. Мене породилното ми почна дента кога се породив, а за оние што излегуваат порано не знам дали треба да чекаат да се породат..
Откако ќе се породиш со родилното картонче треба да извадиш извод на роден и да си го земеш боледувањето од кај матичниот гинеколог. За да поднесат документи кај тебе на работа ти треба да им ги обезбедиш боледувањето и изводот на родени. За извод законскиот рок е 7 дена ако го поднесеш барањето во матично.
Тоа е договор за определен период претпоставувам. Кога ке истече тој период немаат обврска да ти го обноват иако си бремена