Паричен надоместок-породилно

Дискусија во 'Бебе' започната од ikame, 7 јуни 2013.

  1. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    За породилно ти треба боледување од матичен гинеколог и извод на родени. За надомест за новороденче ти треба извод на родени и потврда од гинеколог дека е првородено и копија од твоја лична карта и од сопругот како и број на трансакциска сметка на која треба да ти уплатат. Се поднесува во центар за социјална работа и тоа во општината на местото на живеење. Од таму ќе ти дадат потврда која мораш да ја однесеш во банката каде ќе те исплаќаат.
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    Фала многу :)
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    18.655
    Нема што да потпише,тоа не е отказ туку истекување на договор
    @mama*rose ако си при крај отвори породилно така нема да смее да те одјави иако ти завршил договорот. А ако не си при крај договори се со некој што има фирма да те пријави да си платиш придонеси тие неколку месеци,за да можеш да користиш породилно,но гледај да нема прекин ни еден ден.
     
    На Milicko* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Не се работи за мене туку за моја пријателка трети месец бремена отишла на преглед и немала здравствено осигурување а никој не и ни кажал дека ја одјавиле
     
  5. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    A dogovorot do koga i e?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека ја одјавиле може не им се платени придонесите. А оди на работа?
     
  7. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ако разбрав добро женава е на патолошка и веројатно не оди на работа
     
  8. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Избркана е од работа без образложение како што кажав тоа го дознала на преглед кога и кажеле дека нема здравствено осигурување
    Работеше со договор на дело а договорот е истечен на 1 февруари
    Тоа ме интересираше дали смее да биде избркана од работа без никаква најава и дали би можела да ја тужи фирмата
     
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.416
    Допаѓања:
    18.655
    Во иста ситуација сум,за жал ништо не може. Таков е законот само тие што се на неопределено ги штити,како тие мајки и деца да се вип личности во државава,другите небитни.
    Кај мене истекуваше договорот 45 дена пред термин,па отворив породилно и не ме одјавија,кога ќе ми заврши ќе ме одјават.
     
  10. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ако договорот и бил до 1 февруари значи не е избркана, тоа ми беше поентата. Немора да и дадат образложение, за жал. Мислам дека нема никакви шанси на суд по ова што го кажуваш.
     
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Дали мoжеш да влечеш бoледување? Ималo oпциjа да се земат плус два месеци трудничкo требалo врски незнам баш какo иде тoа.
     
  12. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Незнам за што точно ти кажувале ама породилното трае точно 9 месеци или во денови 270. За близнаци е само подолго. Друго платено продолжено породилно нема.
     
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Има oпциjа jа збoрев и сo педиjатарoт. Нo ми пoтенцираше дека треба врски за да му се пише на дететo диjагнoза пример дека е слабoкрвнo. Прoдoлжуваат на 2 месеци сo 70% плата.
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Може се зборело низ темава ама сакам да прашам и доколку некој е запознаен ако не друго нека ми пише во ЛП. За неплатено боледување што треба да се направи? Знам тато земаше за мама кога сите боледувања ги искористи и веќе немаше што а жената беше со мозочен удар и зеде 3 месеци неплатен одмор. Така нешто беше.
     
  15. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Тоа е боледување за дете ама сега изменија за слабокрвност само 15 дена даваат треба да се има посериозна дијагноза и од приватни клиники не признаваат конзилијарно мислење само од државна болница.Ова е за термински родени деца ,за предвремени знам дека може до 3 години да се оди на боледување ама пак мора да се има причина посериозна.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.290
    Допаѓања:
    28.040
    Да, не се должни да го продолжат договорот, не требала да каже дека е трудна. И мене ми истекува договорот додека сум на породилно ќе видиме дали ќе ме вратат.
     
  17. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е друг вид на боледување за дете до 3 годишна возраст. Државата ги плаќа тие 70% ама треба да си во работен однос.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Со договор на дело не штити Законот ама баш ништо, да била со договор на неопределено време во тој случај може да тужи. Доколку би била со договор на определено време најверојатно би ја држел газдата до момент на отварање на породилно и толку.
    Такви ни се Законите, за жал.

    Член 170-а од Законот за работни односи ако ти е за чување на бебе/дете
    -По завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство,работничката има право на неплатено родителско отсуство до три месеци во периодот до навршување на три годишна возраст на детето,во најмногу три дела,заради грижа за детето.
    Доколку сакаш неплатено отсуство од работа тогаш член 147 и можеш да земеш 3 месеци неплатено
     
  19. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Зависи дали сакаш обично неплатено отсуство или неплатено родителско отсуство. Не е тоа боледување затоа што го регулираш со работодавачот преку поднесено барање. Со доктор тука немаш работа.И ова родителско отсуство си има последици како тоа дека не ти тече стаж ниту придонеси и мислам дека немаш ни здравствено осигурување.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  20. T.G.

    T.G. Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Jas sum na dogovor na opredeleno vreme i na trudnicko sum, pa mi go prodolzuvaat dogovor.
     
    На Milicko* му/ѝ се допаѓа ова.