Тоа нема врска со трудничкото. Штом отвориш породилно, не може работодавецот да ти направи ништо (ни да продолжи ни да прекине договор) зошто исплата ти дава фондот. Ако ти заврши договорот додека си на породилно, слободно може да не те врати на работа откако ќе ти заврши породилното. Договорот не може да ти го продолжи додека си на породилно, може да ти направи нов откако ќе заврши породилното.
Na opredeleno sum i mi go prodolzuvaat so nov, a na porodilno sum...sega potpisav pred nekolku dena nov.
Супер што го прават тоа за да си знаеш дека ти е сигурно работно место, ама тоа го прават на нивна добра волја, а не зошто си на породилно. Сакав да кажам дека нема закон кој ги условува дека мора да го направат тоа.
децата ми се осигурани на маж ми. Така да доколку бидне нешто нема да има промени за нив,за мене мање више. Ќе разгледам опции па ќе видам. Некако не ми се остава бебе на 9 месеци
Договорот и тоа како може да и го продолжи за време на породилното. Заблуда е дека неможе. Но тоа малку работодавачи го прават за жал. Ако не и го продолжи договорот иако е под фондот сепак фирмата мора да ја одјави од агенција за вработување. Добро што пред некоја година имаше измени во законот и во вакви случаи државата продолжува да им исплаќа надомест за породилно додека тоа трае.
Лошо се изразив. Сакав да речам не може да делува на парите кои ги земаме за време на породилно. Работодавецот може и да ја затвори фирмата, мајката си останува под фондот 9 месеца.
Жени откако ќе се однесат документите во завод, после колку време е исплатата? Сум слушнала дека после два,три месеци исплаќаат.