Верувам дека ќе се најде решение за тебе не е твоја вина И мислам дека можеш да ги пријавиш комотно зашто не ми се верува дека е легално тоа отварање на фирми за да избегнат обврски. Добро е што имаш близок адвокат, па се надевам ќе издејствува.
Дека е легално далеку од легално ама еве така функционираат со години наназад .Штом ми признаа дека ќе работат со нова фирма веќе верувам дека комплетно имотот го имат извадено од таа во која сум вработена па не се плашат од пријава затоа што ќе немат што да им запленат само ќе им ја блокираат сметката а тие ќе си работат со новата фирма со нова сметка на истата со друг управител ..Тоа е тежок пат и тешко дека ќе добијам нешто на тој начин затоа се надевам дека поради мојата состојба и околности дека барем институциите ќе дозволат да се издвојам од декларацијата за да можам да поминам придонеси или евентуално да земам породилно со намален процент поради тие 22 неплатени дена .. Мене породилното ми треба сега а не за 10 години ако се влечкам со нив по судови ..
Offf se sekavam na tvojot post koga go prijavi problemot. Ne e normalno toa. Mozes da gi prijavis,sekako ke imas vleckanje do bes-svest,no mislam deka vo nasava super duper mk perenje na pari e toa,zatajuvanje na danok i trista gluposti...advokat moze da go dokaze toa,sekako ako saka. E sega stom si podnela so advokat pocekaj vidi rezultat,posle baraj drugo resenie. Procedurite ni se krs kaj nas,na nikogo za nikoj ne mu e gajle.
тоа е затоа што на решението ти пишува дека Тиме платен работниот час на пр мене ми е 81.27 и сега зависи колку работни денови има месецот помножено со 8 сати ти е определуваат вкупно работни сати во месецот. Вкупните сати помножено со еден работен час - 81.27 ја добиваш сумата на тековниот месец
Мене нешто слично ми се случи пред шест години. Фирмата во која работев западна во криза и на денот кога се породив каснеа со две плати значи автоматски немав ни здравство па на Гак си платив пораѓај приватно. Породилното ми го одбија во фонд бидејќи не ми беа платени придонесите нити пак ми дозволија сама да си платам. Се надевам дека ќе успееш да извлечеш во твоја корист и дека нешто се сменило во оваа држава.
Девојче,не сакам да те разочарувам,но штом и порано така правеле имаат човек во фонд и им кажува како што да избегнат . Консултирај се со адвокат.
Се јавував во фонд, зошто ми немаат пуштено пари за боледување од фебруари што бев за син ми кој е помал од 3 години, ми кажаа во понеделникот добиле пари и дека до петок се ќе биде исплатено, секока група посебен ден.
Поднесуваше некаде барање тогаш ? Затоа што не гледам како институциите би ме казниле мене и моето бебе со неисплаќање на породилно кога ниту еден ден ниту боледување немам користено додека бев бремена камо ли пак да имам пропуст во стажот .. Детето предвреме си го родив поради тоа што не мирував и не седев дома како што ми беше кажано туку до последен ден бев на работа .Тоа е комплетно вина на фирмата што ди ги нема исполнето своите обврски спрема мене . Се надевам државата ќе најде начин да не заштити па дури и тоа да биде исплата на породилно со помал процент .. Ние поднесовме барања и во фондот и во труд и социјала .
Поднесов во фонд документи за боледување па жалба на нивното решение дека не ми следува породилно сосе фактура за платени трошоци за породување никој не не рецка. Имав пет години непрекинат стаж во фирмата. И ден денес се нервирам а исто одев до последен ден без боледувања без никакви отсуства. Затоа сега кога останав бремена со третово од шеста недела останав на боледување и седев до крај. Сега ми заврши во мај породилното и сум на продолжено породилно. Му викам на мм додека не ми ги исплатат двете породилни не се враќам на работа . Види со адвокат што ке направиш макар и на помалку плата битно да зимаш нешто
Здраво девојки Знае ли некоја дали има некаков паричен надоместок за невработен и (јас мајка) малолетен родител??
Znaci gospode boze. Pisuvam mail koga ke ima porodilno. I mi vrakaat IMA DENOVIVE. Kakov odgovor e ova??
Здраво. Со 22 јуни сум на патолошка. Од 23ти комисијата сака да ми отвори породилно ( 45 дена пред термин ) јас така не сакам. Сакам да си земам одмор од 2020 и на денот на пороѓај да го отворам породилното. Поинформираните дали знаете што треба да направам одкако ќе земам одмор, треба да се извести фзо? Матичната? кои документи треба да се поднесат и каде и кој треба да се извести кога ќе отворам породилно?
И јас сакав така но не можело по ново ми кажаа. Од патолошка моргќло породилно да се отвори да не прават проблем после за породилно. Не ми се ризикуваше мене.
Мене во петокот немам инфо проверувајте ја сметката од понеделник. Петок е нема Ептен политички ова ... се надевам нека да фати пак 30ти, ама натака идеме
@Mommy2be види го прикачениот фајл,сликнато ми е од решението од фонд,како се пресметува паричниот износ што го исплаќаат за породилно