те разбирам, ама кога ќе притиснат од таму со услов , а од друга страна имаш и кредити..не може секој да си дозволи да не работи
Имаш кај да го згрижиш детето? ј?Јас на пример немам ни една друга опција за чување. А за кредити ретко кој нема, така да во исти кош сме сите
Го откривме проблемот зошто немам исплата. Претходниот газда не пуштил исплата за 6ти месец, а јас се префрлив во друга фирма затоа што таа под стечај е веќе..и сега ако не се пушти ќе ми се прекине, а на него не му одговара да пушти за тој месец затоа што нема корист, единствена опција ако може јас да си платам за да имам породилно, значи срамота ако знаеле требаше да кажат пред време да се префрлам пред тој месец ама тоа е што е .. ќе пробаме така не се малку 5 месеци, до ноември ми е породилното, друго чаре не знам! КАТАСТРОФА е државава, не разбирам како може да се прекине без разлика дали фирмата пропаѓа, секако работев таму долго време!!
Бог да чува. Мислам дека не можеш само ти да платиш т.е. он ако плаќа треба за сите да пушти плата и да плати придонеси. Најдобро со адвокат да се советуваш да поднесеш некое барање до фонд и сл...ќе ти најде адвокат начин како да направиш...Нека кажат и други ама мислам не можеш ти тука ништо со тие неплатени придонеси
Треба да платам јас придонеси за сите.. ако сакам да имам породилно ама секако мала фирма беше 3ца вработени така да нема да е проблем сега 1 месец нека пропадне.. другите да зимам барем овој нека оди за фирмата што да правам. Не мора плата да се пушти, сами придонеси да беше се комплет немаше да ми се исплаќаа вака колку платата ќебиде некаде сумата
Да да тоа е ок друго е така чим таква е ситуација и можеш да секако ти се исплати да платиш за сите 3ца за да си земаш породилнп
А што ако те плаќа државата кога ти викаат мора да почнеш. Јас почнав од вторникот. Немаж каде да го оставам, немам кој да го чува, работам од дома. Ако може да се нарече тоа работа. Сега знам дека цел викенд ќе работам за да стигнам за цела недела што не сум сработила. Немаат сите можност да седат вечно на породилно и немаат сите кој да им ги чува децата, па затоа мора да отворат градинки.
Ама чекај ти си скрати 9 месеци породилно за да се вратиш на работа? Значи таков газда за срамота. Тоа и викам не може да бара да се вратиш ако градинки не се отворени. Он нема никаков трошок додека си ти на породилно и затоа државата го плаќа да најде замена вработен дури тебе те нема а не да ја штеди твојата плара и после Епа сега ајде прекини го порано породилното... глупости.
На продолжено породилно сум. Таа што ме менуваше отиде на друга позиција и нема мојата работа кој да ја работи. И така со фино ми кажаа однеси изјава дека се откажуваш од породилното и почни во август. Мислам, имам многу солидна плата и супер работа, ама стварно не можам да работам со бебе дома. Што попрво. Ќе барам сега некое решение додека не отворат градинки (жена ваљда да го чува што секогаш сум мрзела).
Епа тоа е ти си со солидна плата..мене да дојде жена да ми рече за чување е од 15 до 20.000 сега ако не се лажам и немам шанси со што да ги платам. Тоа е лошото во ситуацијава. И затоа викам уште полошо што на ваков начин те тера да прекинуваш продолжено породилно и пак платата на жена ќе ја даеш што не знаеш како ќе ти чува дете. И ја се надевам ќе отворат градинки пошто е стварно доста цело лето ништо не направија..
Mi pisala mene taa gledajte si na smetka kenima isplata denovive ... (toa denovive moze mnogu da znaci)
Здраво сакам да прашам мене дожр ми даде боловање од 01.08 јас го однесов во фонд ме вратија ми кажа дека треба да се носи откако ќе де пушти плста зс 08месец од фирма. Сега не знам за август кој ќе ми плати мене? Односно треба да носам после породување документи не сега?
Здраво девојки, дали некоја од вас знае пријавена сум од 15.02 кога најрано би можела да отворам породилно? Како се пресметува тоа 6 месеци непрекинат стаж дали од 14.08 ме следува или 15.08?
Мајки породилното ми заврши на 12 јули.Ми стигна решение,го однесов кај книговодителот,бидејќи јас сум управител на фирмата.Книговодителот ми кажа дека р продолжено уште 3 месеци,што значи ке трае уште нема да е уште август.