Аа како така,па 31ви е понеделник А што им е гајле, и да почне нов месец ништо страшно. Претераа. Сите граници ги поминаа. Ај како фати коронава нели имаа проблем со директор,има ,нема,па немал потпис. И ок се среди, сега што? Не ми е јасно, што прават со НАШИТЕ пари? Дали треба бебево утре голо да го оставам зошто не ми пуштиле породилно и немам со што пелени да му купам? А да не работеше мм?
Нема пари државата Софи. Никако не е одржливо да се плаќаат сите на породилно, плус помош за фирми, плус помош за тие што останале без работа, тие што се по дома а зимаат плата ради мерките .. Секако дека прва треба да биде исплатата на мајките, ама за жал, не е големо гласачко тело. Предност имаат сите други. Инаку и земји како Велика Британија, Германија, Франција најавија економска криза, не па држава ко нашата.
Мајки оние што сте на продолжено.... Ме интересира дали има одлука за септември или уште се чека.... И дали исплатата како сума е иста со нормалното породилно или???
Сигурно и септмври остануваме дома, ваљда нема во понеделник да кажат ајде мајки од вторник на работа
а дали знаете доколку се снајдам да ме пријават во друга фирма на 2 часа во претстојните 4 месеци за да ми стигнуваат на сметка тие 30% што би ми фалеле за комплетирање на платата, дали и второво примање ќе ми влезе во просекот, или сепак само примарното (таму каде што сум пријавена на 8 часа)?
@NewMama Пофали се како си ја зезнала државата. Социјална држава значи сите да плаќаме за да има за сите. Не финти да правиме да не идеме на работа, а да земаме пари. После плачеме каснат со исплата
не ја зезнав воопшто, фирмата е приватна прво. Второ сите трошоци за здравствено осигурање си ги плативме,затоа и не следи породилно. Не земав ништо од фондот плус. И трето немаме сите можности да најдеме работа од тоа што ни "цути" државава, па мораме да се снајдеме како што знаеме.Така да не суди многу пред да знаеш што е. и да додадам: не земав плата , сами си пуштавме на сметка се снајдувавме како знаеме,и плус трошоци за здравство што се нешовратни во моментот , но сега ми се исплати бидеќи ме следи породилно
Многу сум испровоцирана од такви личности како што си ти. Никогаш немој да зборуваш ако не можеш да помогнеш со тоа или ако не знаеш доволно. Да ти објаснам како оди тоа. Во приватна фирма значи за било што( бутик, апартамани, продамница, хотел о т.н), "приватњакот" носи во сметководство плата за вработениот како и здравствени надоместоци на пример ако платата ти е 14 000 денари трошоците за тоа се околу + 7000 .И потоа платата се префрла преку банка на работникот. Значи помисли ти како мене или на други што се во мојата ситуација им било "лесно" 6 месеци да одвојат 14 000 и плус неповратно да дадат за здравствено осигурање трошоци тоа се околу 20 000 денари. Помисли како е да си испуштен од на работа 1 месец пред да дознаеш дека си бремена. Помисли како е никој потоа да не сака да те вработи баш поради истата причина - бремена си. Е потоа зборувај , и остави ги другите да се снајдат како умеат. Секое добро
Мајка не ти судам, само кажувам дека за да зимаме сите породилно, сите треба да ставаме пари во фондот. Цело време додека работиме, а не само неколку месеци кога ќе останеме трудни. Знам како функционира многу добро, не мора да ми објаснуваш. Плаќаш 6 месеци придонеси, земаш фул плата 9 месеци. Ти ете си останала без работа кога си останала трудна, ама премногу, премногу жени кои го злоупотребуваат ова право и не работат ништо, никогаш, па си плаќаат придонеси само 6 месеци и земаат фул породилно. И тоа не е во ред.
Да така е во право си. Јас погрешно бев сфатена бидеќи го употребив зборот "финти". Јас сум од мал град и знам уште 1 случај како мојот што остана без работа поради бременост, а никој тука не сака да тужи никого бидеќи се плашат. И мора некако да се снајдеш... Не е крива државата колку што се криви луѓето во неа и немаат воопшто емпатија.
Не се замарајте со ова, сигурно нема државата да ја мислиме. Како ја опљачкаа од криза не сме излезени, деца умираат пошо некој полни џебови и сигурно нема неколку жени да ја осиромашат со тоа што 6 месеци ќе плаќаат придонеси, па 9 месеци ќе земаат плата. Плус ова никако не влијае врз останатите трудници. Не се замарајте со ова, вакво нешто не треба ни да се спомне. Ништо лично против никого.
На 4ти Август го отворив породилното, на 15ти се породив.. како е процедурата .. треба да ми стаса решение па да очекувам исплата?
Не. Јас 4 месеци скоро како сум породена решение ми нема стигнато уште. Би требало крај на септември да ти легне првото породилно зашто каснат многу. Мене првиот месец ми каснеше 2 месеци. Нема правило.