Немам ни јас за јули исплата @Larahappy. Отварањето на градинките не значи дека ке ни се прекине породилното не кревајте паники за џабе.
кој кажа така? Породилното се прекинува со завршувањето на времените мерки. Во градинкиве не примаат нови деца,се отвараат за веќе запишаните.
Merkite za cuvanje deca do 10god. T.e. so merkata se osloboduva eden roditel da ne odi na rabota zatoa sto nema koj da go/gi cuva deteto/ta.
Јас пратив маил во Министерство за труд и социјална политика, ама не ми одговорија. Доколку ми одговорат ќе Ве известам.
Рече најверојатно. Мене ме буни ова, мислам дека е ќе размислат убаво ќе видат дека не се во право дека е невозможно да почнат кога во некои градинки немаше ни уписи за јасли. Може да важи за мајките на кои им се примени децата... Штознам. Вањда не се толку шлакнати и се прават наудрени... Или се? Значи мерки уште нема, градинките работат со мерки, а решението така гласи додека има мерки.
Јас мислам треба Владата да ја поништи Уредбата со која го продолжи породилното, ова како нафрлена информација беше кажано. Бар цел септември да го истераме, да се направи план, не може вака плукни,залепи не се децава улични кучиња па ај ќе ги вдоми некој
Продолжувањето на породилното отсуство не е поврзано со работата на градинките, ниту со можноста за запишување на детето во истите, се додека Владата не одлучи поинаку, односно се додека не се укине времената мерка за оваа категорија на работници. Мајки бидете спокојни и чекајте одлука. До тогаш уживајте со бебушите
Септември секако не се укинува Јас сум до октомври на редовно породилно... Ако сум толку баксуз да речат готово од октомври толку
Знаев дека вака ќе биде. Држава ли е ова, знае ли некој кај се тера? Тоа е сѐ затоа што не се донесуваат одлуки според моменталната ситуација, туку се чека на "шефот" како ќе му прдне у 5 до 12 да каже. За 3 дена ми завршува породилното.. Пуштаат половични информации и ни оставаат простор за нагаѓање. Не може така. Нека кажат еднаш конкретно што планираат, месец дена унапред да се снајдеме. Резил држава.
Ништо конкретно не кажаја, сега засега е продолжено, мене до крајот на месецот ми трае редовно породилно, ама како што сум баксуз јас, ајде да се бориме мајки на фб има барање за да се продолжи до крајот на годината, потпишете ја петицијата...