Не ја видов изјавата, мојот коментар е одговор од Министерство за труд и социјална политика, тие се надлежни за спроведување на Одлуките на ВЛАДА за за таа категорија засегнати.
Nema potreba od dezinformacii, se dodeka nema oficijalna izjava od ministersvo, sekako ke ima i na nivnuot sajt dokolku ima izmena ili ukinuvanje.
Не се дезинформации отвори и слушни што кажа Венко И јас сакам да продолжи ама како тргнале изгледа ќе го кратат.
Stom e ova odgovor na Min.za trud i soc poltika, sega za sega toa e. Nasite bebinja ne odat vo gradinka od septemvri. Za nas koi pandemijata ne fati na porodilno ke ima posebna odluka.
За жал, баксуз сум голем моето бебе нема да оди во градинка, а баш сакав уште малку да си поседам дома, не е фер стварно..сето политика е..
Женски имам една дилема околу исплатата на породилно. Април ,мај и јуни поради состојбава немавме работа и платите ни беа намалени на 50%,односно на сметка ни исплаќаа 50% ,а придонесите ни биле плаќани на поголема сум од плата од таа што ја земавме на сметка. Дилемата ми е дали во просекот на крај за определување на висината на породилното ќе се смета тоа што ми легнало на сметка или сумата на која ми биле платени придонесите,сметководителката ми вика дека во просекот ќе ми влезела сумата на која се платени придонесите.Јас сум малку скептик не ми е верно ,ама ај ако има некој повеќе искуство околу ова нека каже. @kukla21 може ти ќе знаеш?
Изгледа вашите ја користеле можноста по член 112 и ви исплаќале 50% плата. логички треба за породилно да се смета како 100%, ама оваа ситуација е ептен уникатна, не сме имале ваква ситуација.
Да по тој член бевме. 100% мислиш на која сума? Знам дека е малце зезнато затоа и јас сум на дилема за да знам на колку да ми ја покачат платата овие месеци.
На износот на кој се платени придонесите мислам како 100%. Фирмата реално задржува само од нето исплтатата, а таа обично за фзо и сл не е битна.
Ок фала ти,така и сметководителката рече,дека нето за исплата не ги интересира,туку основицата на која се платени придонесите.
ама редовното не го прекинуваат само вонредното. Околу породилното јас по вестиве слушнав дека породилното сеуште е продолжено следната недела ќе се одлучува што со породилното и со родителите со деца до 10 години
Д Знам, ама мене редовното ми завршува на 3ти октомври и ако не продолжуваат ке останам без работа :/ И да другата недела ке одлучуваат
Не верувам дека ќе продолжуваат уште долго, на сите ни одговара таа опција најмногу, ама кога веќе сите мерки ги укинаа, мислам ќе ја укинат и за нас мајките на продолжено породилно.
За да укинат треба да нема мерки да има само по 6 деца во Група во јасли. Се додека има мерки, треба да се продолжува и така гласи решението што е пратено.
Мора да има бидејќи има мајки на кои децата немаат уште 2години полни за во друга група - кои си оделе предходно пред нивното затварање. Друго мора да има бидејќи има и мајки кои мораа да тргнат на работа и се откажале од породилното.
Не е така мојата фирма 2 месеци ме исплаќаше со 50 %дневница за тоа што ги користев мерките и не одев на работа поради бременост и сега трудничко ќе ми исплаќаат 2000ден помалце од мојата плата.