Мене ми побараа копија, не знам зошто бараат оригинал кај вас... Обично секаде копија бараат од вакви документи,прашај дали може да доставите копија заверена на нотар, тоа го сметаат за верно на оригинал
Супер, запишете и прилагодете ги сега бебињата за 1 недела. Знаев дека вака ќе биде, да живеевме во држава може и ќе ни кажеа со време. Говеда
E ova e se nenormalno. KOJ NI JA VODI DRZAVAVA BE... ALOOO, DECATA TREBA DA SE VIDI PRVO STO AO NIV NEMAAT ODLUCENO, BITNO NIE NA RABOTA DA SE VRATIME. CCCC KATASTROFA
Ајде да се организираме против укинување на породилното боледување. Не е хуман односот на Владата кон најранливите бебиња. Моето бебе ќе биде неполни 8 месеци кога ќе треба да се вратам на работа
Кај мене нема денес ама се надевам на прилив до крајот на неделава штом веќе почнале со исплата за август. Минатиот месец на 14ти ми пуштија
Мајки со бебиња под годинка, прочитав дека додека направат бебињата година можеме саат ипол пократко да сме на работа по закон. Некоја користела или ќе го користи ова право? За овие гниди од влада не коментирам. За изборни кампањи и патни трошоци и помош за нивни фирми има пари, за бебињата не. Ок, фала. За потврдата у која вукојебина се наоѓаме. По 1001 пат.
Да, јас користев со првото дете. Еден саат за доење + редовната пауза од половина час. Ти си одбираш кога го користиш тоа време. Мене ми се исплатеше да го користам или пред или по работа. На сите мајки им следува, без исклучок.
Кога ќе ескалира пак состојбата и кога пак ќе мора да се седи дома и газдите ќе треба да не' плаќаат, ќе го бараат продолженото породилно.
Кој ќе го бара? Нема толку притисоци од приватен сектор како што владава сака да не откачи од грб. Ќе ги тераат газдите да не ослободуваат од работа кога ќе згусне, а тоа мало сутра ќе биде. Знам еден куп мајки што си почнаа доброволно на работа и се откажаа од породилно,таа опција секако си постоеше.
Не е Чери тоа доброволно. Јас одам на работа од 1 август . Ми кажаа 'а нема никако опција да почнеш барем пола работно време ' Прво викав не, па на подолго инсистирање "доброволно " потпишав изјава дека се откажувам од породилното. Работам на реномирано место и никој не ми верува дека ме вратиле на работа, зошо не очекуваат од таков работодавец да не почитува одлуки од Влада. Ама ете, можело. Има многу притисок и од приватен сектор, повеќе за мајките на деца што одат во градинка а тие ги плаќаат, ама и на вакви ко мене. И да, државата дефинитивно нема пари да продолжи да плаќа и тоа е. Ќе се снаоѓаме кој како знае и умее.
Јас имам другарки што не им се седеше дома веќе и си го прекинаа. Баба сервис ради. Ќе се снаоѓаме, нема друго. И да изгубиме работа, пак ќе се снаоѓаме. Само добро ќе беше да се осетиме дека во тешки времиња има држава што мисли на нас. Ама нема. И ќе одам на работа. И пак газдата ќе ми касни 3 месеци со плата. Ќе морам да се снајдам. Баш затоа што нема држава.
Не мислев буквално дека ќе го бараат, туку дека таа опција повеќе би им одговарала во случај на нов карантин, за што веројатноста да се случи е голема. Проценка на ризик. Ама да, заборавив каде живеам, можеби сум предолго на породилно, може е време да се вратам на работа.
И ја исто им кажав на работа. Вие ко ќе треба да ме плаќате, подобро ќе ви биде. Ама ден за ден гледаат.