Не. Моето е 7 месеци, со состојбва освен приватните сите не одбија, и дека е мал. А, џебов не ни е баш за приватно
А мораш да се враќаш на работа сега? Зошто не до 9 месеци? Баш лошо испадна, ве читам во паники сте сите. Да најдете некое девојче/жена да ви ги чува додека се снајдете.
Јас бев на патолошка, и триста глупости испаднаа, али никој не се надеваше на пандемија. Ми пропаднаа и стар одмор, 300 перипетии.
Ќе видиш кога твоето ќе биде 8 месеци дали е револуционерно пораснато или е бебето исто од претходно . Јас не го запишувам додека не направи годинка барем. Воедно и ќе запролети и нема толку ризик од болести. За чување имам опција, ама не од сабајле. Се надевам ќе ми излезат во пресрет со саати, зошто спремна сум и да си одам. Примаат сега све, така им е наложено. После ќе биде оф леле мајко. Повеќе на боледување отколку на работа ќе бидат мајките, ама нив ги заболе нели
Нема врска дека не ви следува одморот поради тоа што сте искористиле продолжено породилно. Барајте си ги правата, консултирајте се со адвокат/правник. Нека ви пратат каде се наоѓа тој закон нека се повикаат на него! Тужете ако треба!
И јас бев на продолжено породилно, од работа ми дадоа само една недела одмор, како ќе се прилагодиме во градинка за толку кратко еве не знам, плус уште не ми ја издале потврдата еве три дена им се јавувам и уште ги чекам. Не била потпишаана, бла бла... Гајле им е дали мене ми гори под нозе или не.. Во мегувреме примивме вакцини мрп и бркаме други документи за градинка. Се надевам понеделник да почнеме во градинка зошто друго чаре нема..
Dali nekoja od vas ima iskoristeno tie 3 meseci prodolzeno porodilno sto zakonski sleduvaat NEPLATENO i kade mozam da se obratam za da si prodolzam , vo fondot, vo firmata ili?
Во фирмата кај што работиш, имаш право да си побараш неплатено отсуство од 3 месеци се додека детето наполни три години имаш право кога сакаш да го користиш
Мајки јас не смеам сега одмор, не ми даваат. Најверојатно понатака ќе смеам да го искористам. Од среда си почнувам на работа, со лесно на сите што ќе почнуваат
Не ми е срам ама ич. Одморот ви следува не зимате ништо туѓо. И јас сум од среда на одмор, планирам и боловање некое да земам.
При неплатено од три месеци, кој ги плаќа придонесите? @kukla21 да не знаеш ти си по овие работи. Односно ме интересира дали фирмата има некаков трошок кон тебе?
Поефтино е во приватна градинка него жена. Не ср наоѓа жена сега, многу луѓе ги бараат. Јас плаќам приватна градинка 15.000, жена под 18.000 не се наоѓа. Градинки има и за 12.000. Ова за Скопје. Во градинка носиш само пелени, храна р обезбедено детето. Дома треба храна и за дете и за жена.
Уф до мене ли дојде работава Не живеам во Ск, и не е дека сакам да седам дома туку ситуацијата е таква е**ана кај што сметам дека е подобро да се седи дома..... Јас си имам друга мака јас немам каде да се вратам на работа на затворени граници фирмата каде што работам е пред финансиски колапс колегите уште пред 2 месеца отпуштени а и мене ми следи истото штом се вратам..... А сум од оние на кои сега им завршува породилното не искористив ни еден ден продолжено па да ме прозива некој дека сакам да седам дома :/ И малку ми е нелогично породилното се продолжува заради опасност од ширење на зараза и ризик за најмалите.... А ние да се собираме на купче и се ставаме на ризик за да кажеме дека сакаме да не не изложуваат они..... Јасна ли сум???