Жена да ми чува дете, јас не би никогаш, тоа ми е најлошо нешто што можам да го замислам, ќе умрам. Не знам причина, не ме прашувајте, не можам да замислам и ете... На протести бев во мојот град, никаква опасност од зараза немаше апсолутно, надвор, дистанца и маски. Ние избори истеравме па ова ехеее Нема да ги прифатат барањата, ама не ми даваше душа да не одам, да не пишувам по министри и да плукам по фб, сакав ете! Од среда сум на боледување и неплатен после.
Не се ни труди да се објаснуваш, такви сме ние, наместо да сме сплотени заедно и да се разбираме, веднаш мани ни наоѓаат. Како и да е, јас тргнувам на работа на 9ти Октомври, дотогаш си го земав летниот одмор. И јас сум од тие што до сега беа на редовно породилно. И да беше продолжено до 31.12 јас сепак ќе тргнев на работа, зошто има кој да го гледа синко. Не ме разбирајте погрешно, тотално ги поддржувам родителите кои сакаат продолжено породилно. Министерот вели треба полека да се прилагодуваме како европските земји, да, но доколку институциите во Македонија функционираат како што треба. Ви ги сфаќам фрустрациите и стравот и јас ќе се чувствував исто доколку бев на ваше место. Од друга страна пак, ако продолжи вака, како што доаѓа економска криза, ќе ни доцнат со исплата, доколку сите останеме дома. Знам не се споредува здравјето на децата со парите, но ќе дојдеме во ситуација сите на породилно, а да не можеме да си ги прехраниме децата. Еве јас почнувам, тоа што го земав до сега го ослободувам фондот да го даде на друга мајка на која вистински и треба продолжено породилно. Можеби ако имаме таков пристап ќе не слушнат? Не знам што да кажам... ама осудувања зошто некој не бил или бил на протест не се потребни...
Пријателка се враќа на работа, детето е 13м. Не сака градинка, најде жена. Е сега, не можеше да најде жена за чување со искуство па ја ангажира жената што и чисти дома да го чува малиот. За 20.000 мкд. Плус превоз, плус храна. Батали парите, што ќе го научи човек кој не е педагог детето? Многу, премногу ми е тешко што малиот тргна во градинка. Адаптацијава е претешка. Ама знам дека е на безбедно, во секое време на тел добивам инфо што прави, што јадел, дали и колку спиел. Го чува воспитувач по професија. Кога ќе се навикне ќе му биде многу поубаво него жена да го чува.
И мене тоа ми е. Кога веќе го чува друг, нека биде соодветен човек. Прифаќам болести во градинка, само не детето да ми седи со некоја тета која ќе седи до него и ќе пукаат од досада и двајцата. Начинот на кој би го хранела, миење раце, лижење прсти и слично ми се хорор плус...
Имаше некои пишуваа уште понеделникот дека примиле.. Јас баш се надевав дека до крајов на неделава ќе примам али ништо. Повеќе среќа наредна недела
Нема ни кај мене, а убедена бев дека неделава ќе има исплата за август.. секој ден проверував (по неколку пати)
И мене ми е незамисливо некоја жена да доаѓа дома и да ми го чува детето, па и позната да е.. нема шанси, да лежи на мојата спална и да дреме до моето дете.. нема теорија.. плус детето да се приврзе за жена што е привреемно во неговиот живот.. градинката е право место за сите дечиња.. Да не зборам што се не се изнагледав низ маало, од жени што чуваат деца.. си се наоѓаат во друштво да си трачарат на клупа, а децата сами си се чуваат на лизгалки и лулашки.. и после оп 20 илјадарки на први.. плус all inclusive престој..
Дрвојки ми треба инфо.Следниов месец треба да отворам породилно,па да ме упатите за процедурава.Што се поднесува и каде?За колку месеци земаат просек за плата ? Како исплаќаат со датумиве? Ве молам за инфо ❤