Дали има некоја иницијатива од мајки на породилно за продолжување на породилното? Со овие бројки на нови заболени не е хумано да се враќаме на работа
Јас сум на тутунска банка и кај мене нема префрлено пари уште за септември ,никогаш не разбрав како ги класифицираат исплативе ,кој во која група спаѓа?
Они намерно побрзаа да не скинат с к*рца па сега ќе враќале породилно. Да не им беше за трчање работата барем од 1 октомври ќе го прекинеа продолженото, ама не, мораше најбрзо. Ништо од тоа нема да има, имаа они препораки од комисија за заразни и не ги почитуваа. Во изолација еден куп деца се моментално, гледав прееска на вести. Чисто се сомневам дека родителите се ослободени од работа. Битно администрација од дома и јсп еден автобус на 2 саати нека има цел народ да се начука у него. Тешки волетини. Уфф оф топик отидов ама многу сум исфрустрирана од неписмениве П.с уште нема породилно за септември јееј
Nema nema... Zadolzeni se do gusa od suplivo vo prazno pravat se! Tesko nas, vo koj svet ke rasteme deca?@!
Девојки ми треба помош.Вака:Краен термин за породување ми е 14.11.а имам закажан царски на 02.11.Во врска со надоместокот(платата) од фонд,слушнав дека почнуваат со платата од фонд кога ќе се префрли последната плата од фирма.Што значи ако го отворам породилното на 02.11 во Декември ке треба да земам ос фирма само за тој еден ден 01.11,па да чекам од фомд нареден месец тек Јануари????. Извинете ако не е јасен постов ама некојбпоискусен да ме подучи,зошто ако е такада го отворам на 01.11(односно со ппследниот ден во месецот)???
Фондот како и да е каснат со исплата, нема да ти смени ништо. За првите два дена ќе ти пушти фирмата, а за останатите 28 фондот. Мора прво фирмата да помине плата, без тие два дена платени фондот нема да ти пушти. Кај некои легнуваат одма следниот месец, кај некои тек другиот. Пример кај мене: Породена 05.05. породилно отварам на истиот ден. Фирмата ми исплати за тие 5 дена на 22.06., а породилно прво земав на 13.07 и второ на 24.07.
Значи мрнр повеќе ми одговара да одам утре да си го отворам породилното 30.10,за дс не завлезам во другиот месец па да чекам за 2 дена исплата од фирма па да губам цел месец.И така не ми мења ден два.па да си чекам во декември региларна цела плата од фонд.Добро ли сум разбрала?
Ако го отвориш утре породилното поголеми се шансите да земеш во декември ама сакав да кажам и тоа не е некоја гаранција. Еве крај на месец е, а јас уште немам земено за септември. Каснат од фондот и нема никакви правила, некои месеци земам до 20ти, некои до 30ти. Како ќе им текне.