Здраво девојки. После колку време од поднесување на документите за породилно боледување, ја добивте првата исплата и дали има одредени денови во месецот кога се пуштаат паричните средства? Благодарам.
Ај пак да прашам дали доби породилно? Во вторникот и пишав емаил на Елизабета и ја нема да ми врати, а еднаш кога ја контактирав за друго инфо одма ми врати.
На 29ти Октомври имав исплата за Август и Септември, сега за Октомври исплатата треба исто на крај на месецов да очекувам ?
Дајте некој емаил освен тој на Елизабета, ме нервираат ептен уште немам породилно за септември. Не ми се оди по институции, денеска бев во мвр, пола не носеа маски. Идиотизам.
Овој месец ја каснеа платата една недела ама досега породилното не каснело толку, 6 месеци земам како што треба. Мислев дека нема што да прашувам во фирмата, мислиш можно е во нив да е проблемот?
Провери на мое осигурување дали имаш здравство до крај на ноември. Ако имаш не е проблемот во фирмата ако немаш барај ги те заборавиле
И јас уште немам за септември, нерва ме фаќа веќе. Дајте емаил на таа Елизабета или тел како комуницирате
Da vo fzom e Ako dobiete info pisete. Mene.mi e posledna isplata. Pocnav na rabota plata pustija ovaa drugava isplata ja nema nikade..
Значи битно е како ги пријавиле часовите во фирма. Ако ве пријавиле на работа нема исплата дур не се корегира. Тие на кои ви завршува породилното проверете исто како ви се пријавени часовите