Како лажат и изведуваат ама ај. Има семејства што буквално зависат од тие пари, а они си играаат играчки. 200 пати се јавував да ми сменат презиме за да можам породилното да го средам и секојпат истите муабети додека не отидов. Трудна до заби само јас чекам, таму жив петел нема ама морав да чекам додека се договорат кој ќе работи. Ова за социјално ама истите неработници се секаде. Ова е претеризам
Од кај му идат списоците баш ме интересира. Јас вака си замислувам ... електронски систем и на клик работи на кого да пуштат денес и рандом си кликаат...кликнатите ги брише за овој месец ,наредна исплата исто. Оти нема логика ни со групи ни со банки ни со исплатена плата од фирмата. Пример имам колешка што е на породилно и на иста банка сме ,еднаш не земавме во ист ден. Првата исплата мене ми беше со првата "група" наредна исплата со втората итн. Значи нзс нема.
Какви списоци?? Треба да те внесе во систем и да тече. Зарем рачно секој месец некој ќе гледа списоци? Бог да чува
Немам добиено породилно за јануари, воедно и последно. Добив информација по емаил дека 'налогот е неконтролиран', немам поим што значи ова. На бројот не се јавуваат. Дали имала некоја ваков проблем и пишете ми на кој број ги барате да пробам прво телефонски да го средам ова. Фала
Кратко кажано забатален е документот и не прошол кај нив, телефонски чисто се сомневам дека можеш да решиш, зошто тие таму лежат по цел ден и не се јавуваат ден, а по 5 души се во канцеларија
Јас кога бев за рефундација летото на топлото морав да одам до кај нив зошто три пати се јавив(а пред се едвај на телефон ги добив) не можев да се разберам со нив секогаш различно ме прашуваа и кога стигнав таму тетката фино се качи до горе си праша што и како и се среди се, до душа само што искочив од врата на социјално ми ѕвонеа они за да се до разбереме, до толку се неписмени
Денес има за февруари, комерцијална банка. Инаку знае некој кој е максималниот месечен износ на породилно што може да се земе?
Хахаххаха ги добиваат онлајн секако ама по самиот муабет се гледа вистинската состојба на нашата администрација .... муабетот ми беше дека потенцирав за датата и ми објасни дека групи немало туку рандум се исплаќало како ќе ти се посреќи .