Ми нема стигнато ништо ,а ми пуштија у феб пари и бидејки платата минималец ми беше по моја логика 2000 те ми се за дек а 15000 за јан ,или грешам ?
Од фирмата нема врска. Ти велам, официјално ми одговорија дека на 10.03 направиле усогласување на софтверот за овие плати.
Мене ме интересира како прават пресметки? Нели во решението има саатнина колку е. Вчера имав исплата за фев.нели.ама повеќе од што мислев ,не ми смета ,ама убаво е да знам како одат пресметките ,ако знае некоја мајка
А дали некој знае да ми каже дали во број на работни денови во месец спаѓаат и празниците? Еве пример земав за јануари породилно, ми почнува од 4ти. Дали во исплатата влегле и 6ти, 7ми јануари? Дека уште немам решение добиено и според мои пресметки некои таман сума ми исплатија горе доле ама пред некој ден ми текна дека и празниците ги вбројав во работни денови кога ги правев пресметките.
Јас не знам точно да си пресметам дека одев во 4 смени неколку месеци, а после само прва од понеделник до петок.
Ај може ќе ти стигне решение од Фонд, пошто треба да имаш, таму точна сум за еден час си пишува пресметка и ќе си знаеш точно. Инаку @Bicka77 мене паѕолошката до сега сумата ми одговара на 173 часа месечно... Знам како што вика кукла најмалку 168 часа е месецот, е сега некои месеци имаат 176 работни,па ваљда зимаат некој просек.