Многу убаво, место ние мајка со мајка да си бидеме поддршка и да се бориме за повеќе, ние со камења една по друга!!!!
Нема ни кај мене денес, ама со оглед на тоа што ми е последна исплата за нецел месец не ни очекувам да пуштат за скоро време Бар од фирма добив нешто колку да "преживеам" до прва цела плата
Извини ке ти се надоврзам на муабетот претходниот месец кога земав породилно чекам на ред во банка и до мајкава пред мене си зборуваме прво од банка во аптека да си купиме памперс и млеко а за другото како има така. И една жена ми вика аха ти каква мајка си чекаш државата да ти даде да чуваш дете што правите со мажот ти фатете се за работа. Без да праша што како а ние само на моето породилно сме мажот ми остана без работа поради вирусот. И што да кажеме понатаму. Небаре јас планирав го вирусот и целово оваа лудило.
Баталете ги бе! Па не е од државата, ти тоа породилно со работа си го заслужила, не ти е гратис! Ако не си работела шипки породилно. Што се мешаат луѓево вака кај што не им е работа. На крај краева 90% сите од плата чекаме, не ни паѓаат од небо, Господе Боже
Лелееее како им преќутувате! Абе на клоци ќе ја дигнам! Зашто не си го гледаат својот живот луѓево и го пикаат носот секаде?!
Нешто што најмногу мразам е кога некој трет непознат ќе ми се вмеша во муабет. А уште повеќе кога ќе кажува празни муабети!!! Невоспитани
Искрено не и возвратив бидејќи ја знаев која и што и како како што кажаа погоре ја примија на работа партиска линија во државна институција со средно образование во добра финансиска состојба е и бидејќи сум од помал град сите ја знаат па сите тами и се потсмевнуваа така да што да коментирам. Има кој да и помага родителите и се побогати а и домашните ичуваат децата.
катастрофа бре јас и викам ај госпоѓо гледајте си ја вашата работа бидејќи несакав да се расправам што да и кажеш на таква невоспитана
А во колку групи е поделена исплатата на породилното? 2-3 пати во месецот пуштаат исплата, во групи? За да знам од прилика кога да очекувам исплата