Може да ја заврши да, оди кај матичната му дава документ за отворено породилно, и заедно со извод од бебето се носи на работа, јас однесов и книшка за да биде осигуран преку мене. Секако откако ќе се породиш даваат официјално за отворено породилно
Денес ми пуштија прв пат, исто породилното ми е отворено од средината на февруари, но исплата има само за тие денови во февруари. Им пишав меил што е со исплатите за март и април, сепак е мај веќе, ми вратија дека најверојатно со следната исплата но не знаат кога би било тоа. А баш се надевав дека сите наеднаш ќе ми ги исплатат.
Чим почнале ќе имаш, во три групи отприлика месечно пуштаат, ќе ги добиеш, се надевам и јас веќе аман. Јас првата патолошка кога беше дел ми пуштија денес пример,дел за два дена. Ќе видиме
Не знам дали тука ќе знае некоја да ми одговори. После тие 9м породилно знам колешки земаа платено боледување дали е тоа само преку педијатар? На такво боледување се мисли? Ми спомна другарка, но не знаеше да ми каже точно. Па ако знае некоја и користела нека сподели
Мене гинекологот ми спомна, кога се допрашував со неа кога да отворам породилно. Баш се сеќавам ми рече по истек на породилно ако ти треба ќе пишеме некое боледување. Од начинот на кој ми го кажа ова, ја сфатив дека кај неа би требала да го отворам боледувањето.
Ако идеш преку педијатар се води како нега на дете и се плаќа 100% ( колку ти даваат толку ) , а ако зимаш преку гинеколог во тој случај зимаш 80 % од плата .....
неточно Секое боледување се исплаќа 70% преку фзо. Разликата е што ако пише гинеколог, фирмата плаќа до 30 дена. Ако отвориш преку педијатар, од прв ден си на терет на фзо. многу одамна беше 100 % за дете до 3 год, ама веќе не, на жал
И добро даваат педијатриве такви боледувања? Тебе ти се надоврзав ама до сите е прашањево? Ако земала некоја... знам колешки зимаа ама како им даваа педијатрите не знам
Ќе ти пише некоја дијагноза. Ама тоа се 15 дена. Над 15 мора на комисија. За тоа ќе мора да наоѓаш врски и во лабораторија да ти пишат проблем со железо пример и слично. Или ортопед да ти даде мислење. Има начини, само треба да збориш со педијатарот.
Една познаничка зема боледување од 1 месец ама имаше причина со бебето поради алергија на млеко, иако ја надмина кога беше помало, но се повика на тоа педијатарот. Потоа кога и истече ова, си зема боледување од нејзиниот општ лекар, со комисија доби уште 1 месец. Муабетот е ако има кој да ти потпише можеш да земеш до 2 месеци и плус одмор да ти се фати некои 3 месеци дополнително отсуство без да е неплатено.
Педијатар може да пише 15 дена. Тоа важи и за секој доктор. За над 15 ден треба лабораториски резултати, мислење од специјалист..
Така. Се повика педијатарот поради алергијата на млеко и си зема мајката месец. Имаа тон документи од клиника зошто стварно беше сериозно. Оф топик - Многу се малтретираа, дури во Систина открија што е проблемот, па после потврдија од клиника.