Mamicki dali vcera ili deneska zemavte za april isplata ? Cudno rano pocnale so isplata zatoa prasuvam
значи може да се соберат 2 месеци платено после породилното, 2 пати по 15 дена од гинеколог + педијатар и цел годишен одмор. за април нема да почнат да даваат пред 10ти. јас вчера зедов за март задоцнето.
тој месец боледување нема да биде ни нокте во споредба со тоа како они ми зезнале просек на цело породилно противзаконски. а да не ни коментирам дека моето нема да биде “зезање” затоа што ќе биде реална потреба доколку излезе потенцијален проблем со упис во градинка.
работни спорови се решаваат со трудова инспекција. Проблем со градинка не се решава со боледувања. Ќе си направиш проблем не само за себе.. тоа зависи и од фирмата. Мене ако ми требаш за работа, а дома седиш и штанцаш боледувања, па и да те плаќам, ќе ги пријавам матичните Исто би постапила и ти, ама кога гледаш само од свој агол подруго се чинат работите.
не ако работниот статус ми се доведе во опасност доколку пријавам/тужам. ко да не сме свесни во каква држава живееме со какви сопственици на фирми, поготово оние од типот што се врзани со луѓе од релевантните институции. а проблемот со градинка на ваквиот начин би ми се решил доколку буквално се ослободи место за да треба да одложам враќање на работа за месец-два.
не би била анонимна за ваква пријава кога сум единствена на породилно во фирма. правда би барала кога ќе сменам работно место.
Јас немам уште.. има ли некој друг што нема ни денес земено? и ако може некој да ми пише бројче или емаил каде можам да ги исконтактирам?