Денес прв пат земав породилно, не цело, само делог од плата што фалеше. Дали следниот месец пак од прилика оваа дата ќе ми пуштат или нема правило?
Кога ќе ми заврши породилното, можам да дадам веднаш отказ од работа? Или морам некое време да останам во фирмата?
Законски отказен рок е 30 дена, прочитај во договорот како пишува, или прашај во фирма можеби ќе те пуштат без тие 30 дена
Јас одма ќе дадам отказ, а најверојатно одма и ќе ме отпуштат де. Ептен лошо беше зошто останав на патолошка, нели без потреба . @doubleinfinity А важи истото правило за отказ или не? Еве пример се вратам таму, а во меѓувреме на ова породилно додека трае останам пак бремена, може да ме отпуштат?
Не си сама уживај, зборови не ми текнуваат некогаш, седам и се мислам како да кажам законски е 30 дена, ама може во договорот за вработување да е поинаку определено најди го и прочитај
Е искрено незнам…зезната ситуација…по логика не би требало да смеат да те отпуштат зошто би била пак бремена…мислам тие можат се, ама постои суд затоа…ама не можам да тврдам
Ма, горе долу, читани ми се законите, ама знаеш колку се почитуваат кај нас во фирма? 20%. Затоа и не ми текна да размислувам во таа насока
Истиот случај сум, ем патолошка, ем породилно. Ама не планирам веќе да останувам бремена Ако си бремена кога ќе се вратиш, не смеат да те отпуштат. Ама знаеш колку се почитуваат законите во Мк.
А прочитав нешто ако те избркаат можеш 1 година технолошки да земеш, знаеш нешто за тоа? А и договорот ќе си го најдам и ќе видам за отказ што пише @GolemaMala знам дека за вработените ништо не важи, особено во помали приватни фирми.
Знам знам правничка сум ама си се тешам нека ме отпуштат фино лепо ќе ги тужам зошто имам договор на неопределено време па нека се мислат…јас бев со мерките па сега породилно, ме побараа да се вратам околу 6ти месец ама прашањето беше дали можеш да се вратиш ама ако сакаш? Сакав искрено преку глава ми беше од дома, ама бременоста малку пред тоа ми стана ризична и и да сакав неможев да се вратам..на моето место веќе има нова вработена ама незнам каков и е договорот…ако ме примат арно, ако не ќе се видиме на суд
Ако тие ти дадат отказ имаш можност да земаш пари од државава…за секои 5 години вработеност по 1 плата мислам беше…не сум сигурна ако сакаш да рошнам ќе ти кажам точно
Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеца, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од просечната месечна нето плата. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец. Ама пази има цака…мора да ти дадат отказ, не смееш да дадеш сама или да потпишеш согласност за прекин на работен однос КОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОСТВАРИ ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК Невработеното лице на кое работниот однос му престанал поради: - давање писмена изјава за престанок на работниот однос (освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак); - спогодбен престанок на работен однос; - остварува права од работен однос спротивно на закон; - престанок на работен однос по сила на закон (освен во случај на престанок на правното лице поради стечај); - отказ од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина; - одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; - одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец; - одбивање обука, преквалификација или доквалификација; - губење на работната способност, согласно прописите за пензиското и инвалидското осигурување и - исполнување услови за остварување право на пензија.
Imase nesto 3 dena ako ne se pojavis na rabota ti se prekinuva rab odnos ama ne znam dali e toa po zakon ili po kolektivniot kaj mene vo firma