Мене ме интересира (ако некој е запознаен), дали на нас што сме на породилно ни следува К-15 Јас сум на породилно отсуство од декември 2013 и ме интересира дали и ако да КОЈ треба да ми исплати К-15 којшто читам ќе бил повторно задолжителен од оваа година и во приватниот сектор.
Мене нешто не ми е јансо, кога се породив маж ми отиде до општина Карпош за еднократна помош за првородено и од таму му кажаа дека важи само за социјални случаи или ако само едниот родител не е вработен така да јас не поднесов. А ме интересира имам право да поднесам и во социјално за еднократна помош? И дали се брои од кога си на трудничко за плата или одкога си се породил??
За еднократната помош незнам да ти кажам, а платата за породилно се рачуна од кога е отворено боледувањето
jovana d. имаш право да поднесеш до социјално за еднократна помош мислам до трет месец на бебето, околу 5000 МКД ќе добиеш, јас знам дека за општина аеродром на секое новороденче му следуваат 5000МКД
За еднократна помош зависи од општина до општина-некои одобруваат некои не. Од социјално ти следи парична помош од 5000 мкд (независно од која општина си) но само за првородено дете и се поднесува барање во рок од 3 месеци. Ова од кога ке поднесеш додека да ти исплатат поминуваат некои 3-4 месеци За плата мислам ти се брои од кога ке се породиш (нели откако ке се породиш фирмата ги носи документите во Фондот и започнува постапка за платено породилно отсуство). Штом ти поднесат од фирма документи за 1 месец очекувај да ти стигне (мене ми пуштија за 3 недели).
јас се породив во октомври и незнам од кога важи тоа за карпош што го кажуваш бидејќи јас аплицирав таму за еднократна парична помош(двајцата сме вработени) ама право да ти кажам едвај ја добив. Уствари одма ја одобрија ама ја добив после неверојатни 6 месеци и тоа да не отидев лично кој знае кога ќе ми стигнеше. Кога отидов лично имаше еден куп коверти што чекаа некој да им се смилува и да ги прати на наведените адреси, отидов во април, а тие дремат таму од март и тоа замисли за некој си 3000 и кусур денари...што друго да ти кажам за нашата општина
Дали има некој земено породилно за претходниот месец? Мислам на групата која што минатиот месец доби средства на 16 Мај?