Може и порано. Скоро секогаш на различни дати ми исплаќаат, некогаш на крај на месец, некогаш на почеток.
Јас имам сопствена фирма, сметководителот ми кажа дека нема врска платата на вработените кога ќе се пушти со породилното. Во март мислам дека не ми беше пуштена платата на вработените а ми стигна породилно, ама не ме фаќај за збор, 2-3 дена разлика беше и не сум сигурна.
Претераа за исплатава за март. Битно се испофалија дека пензиите за април ќе ги пуштат. Ние дали треба пелени или млеко да купиме не е битно...
Јас чекам последна исплата ( 7 дена породилно за март месец) , пишав мејл вчера, Ангела ми одговори дека не знаат кога ќе пуштат, да очекувам деновиве, малку оксиморон одговорот ама ај, има и утре ден од месецов за чекање...