Здраво девојки, Ве молам дали некоја знае дали додека сум на породилно ако ми стигне некој друг прилив, на пример да сум работела договор на дело нешто, ми се прекинува надоместокот за породилно отсуство?
Колку што сум јас запозната не, ама прашај сметководител. Мене ми кажа дека додека сум на породилно можам да бидам пријавена некаде на 4 саати и дека не влијае врз породилното
Дали има уште некој што нема земено за март, и дали знаете каде треба да се обратам за да видам да не има некој проблем( анегела не зошто и пишав и не ми врати)
Јас немам за март, и пишав ми врати за 2-3 часа. Кај мене веројатно проблем имало со саатите нешто, ми рече корекција да и пратат од фирмата
и јас немам за април многу каснат нема никаков ред секој месец различно а со мали деца сме не се фер…:
Некоја членка со ситуација како мојава ако може да даде инфо. Знам дека се зема просек од изминатите 12 месеци на плата, но дали станува збор за основна плата или пример јас во текот на годината имам нешто повеќе од месец дена боледување, па за тој период се предметува тој пприход ( 15 денови од фирмата и останатите од фондот)? Фала
Просек од тоа што ти легнало на сметка. Ако си имала помали примања тој период тие се земаат во просекот.
Погрешно. Пресметката се прави на нето плата. Значи 12 месеци нето ( без заддршки од плата). Заддршки може да имаш по многу основи. @theTulipsLover Кога се носи во фонд од фирма формуларот е со пресметка на основна нето плата.