И кај мене нема на Комерцијална. Прв пат треба да земам, рекоа за 14 дена, а од тогаш се пројдени 25. Ама нема везе, имаме ние пари, зашто би дале пари на време. Кога исплаќаат за другите групи? Или нема правила?
Мамички јас сум скоро породена на 18.05, кажете ми сега дали одма ќе имаме исплата или треба да чекам со месеци? Прво дете ни е па не сме баш нешто информирани, дали има некое правило на исплаќање по некои категории или како им дојде?
Ако е се во ред со документите, одма наредниот месец имаш породилно Јас секогаш зимам на различна дата, ама после 10ти е исплатата
Kaj mene prefrlija posledno porodilno i 50% od porodilno sto go prekinav i rabotev, se na vreme do den plateno. So sreka na site i sto pobrzo da ve isplatat
И јас чекам последна, за 9 дена од мај плата земав за остатокот од мај, ама породилно изгледа ќе си чекаме да израчунаат
И мене ми кажаа наредна недела, денес прашав. Инаку за максимум износот, според закон, вика дека е 4 просечни плати за минатата година, што значи околу 114.900 според податоците од завод за статистика, а од фзо викаат дека максимум е 106.720. Дали има некој повеќе инфо зошто е толкава разликата?
Последно породилно за 11 дена од мај земено вчера, точно на време како и секој месец. До фирмите ви е женски, не праќаат пресметка до фонд на време. Никогаш не ми закасни породилно 9 мес. Поздрав до следно продилно
Мајки, на 23 се породив (до тогаш земав плата од фирмата). Исто породилно ми е отворено на 23, денес ги доставив документите во фондот. Прашањето ми е кога би имала исплата, дали месец за месец исплаќаат? Како оди пресметката дали просек од последните шест месеци или?