И кај мене нема, на КБ сум, а породилното ми е од 1 мај отворено. Срам да им е, безобразни, 50 дена без примања, особено на почеток кога највеќе ти требаат пари да се снабдиш со работи за бебе, а и најголеми се трошоците. Кога имав проблеми со вадење на извод затоа што штрајкуваат, им пишав да прашам дали може без извод и ми кажаа немале став во врска со вадењето изводи, во принцип не можело. Така да кој не врти. Тие штрајкуваат не работат, си зимаат плата, ние ќе си трпиме.
Најверојатно се по одмори. Мене минатата недела ми кажа дека ќе ми исплатат оваа недела. Не е битно дали понеделник или петок. На 20.05 поднесов документи, кажаа за 14 дена ќе исплатат.