Нема врска тоа. Ние секогаш зимаме на први плата па на 14 ми пуштале ама еве овој месец каснат уште немаат пуштено за Август.
Нлб уште ништо.. И мене ми е последна исплата и како и сите ги чекам париве мислиш лото ми се паднало ))
Ни абер ни бутур. Ми доаѓа да појдам пред министерство и да го почувам бебево без памперси неколку часа додека чекам да ги прашам како им е планот.
Леле и јас се пренервирав, па памперс па млеко па другото дете и тоа бара ова е дно од држава, грев невиден па уште кога ке се јавиш ти вика па не касниме овај месец ке земите а тоа што се 50 дена никој не го рачуна
Прашај си во местото кај што поднесуваше документи дали ти е сработен предметот... јас исплата чекав а тие предметот го немаа сработено..немаат персонал а плус и одмори.
А бе не персонал, туку пари и ум нема оваа никаква држава. И то сето ова во септември кога на еден куп родители трошоците со поголемите деца им се до плафон со школо и со се. В понеделник останува да видиме, дали се решени да пуштат или ќе чекаме до нова година