Се јавив вчера на бројот ми рекоа дека последните исплати секаде каснеле оти требало ујп со фондот да се усогласат и фирмата да направела корекции некои, ваљда со платите, не се разбирам. :/ Маткаат во секој случај, колку што можат одолговлекуваат..
И мене.. не си сама. Веќе не знам што да направам, од фирмава пуштија и плата на почеток на месец се си е уредно. Што е работава еве не знам.. ќе им ѕвонам пак во фондон денес или таму ќе одам
Ако ти е за утеха, мене ми каснеа со последна исплата многу, 2 плати од фирма земав па боледување. Точно е тоа со саатите, мора во месецот да ги усогласат со плата во УЈП што ти е пуштено, за реално исплата на часови да имате . Ако не е точно нема да може плата да земе никој во фирма, и ке мора корекции да се прават.
Еве нова недела нова надеж, незнам дали вреди да им се врти на тел, ама после 12.00 ако нема на сметка најверојатно и јас ќе им вртам да не има некој проблем
Кај мене нема породилно ама ми пуштија за клексани. Не успеав денес да им се јавам ќе гледам утре ако нема ништо