Има врска земањето на породилно со фирмата кај што работам? Имаме нова благајничка и хаос напрајла со платите...на дел од вработените им направила прекин од една недела...можно е и мене да ме има оставено и пријавено и заради тоа да ми доцни породилното или глупости трошам?
Кај мене до сега нема ни денес. Вртев во фонд ама нормално никој не се јавува и така ќе си чекам некои подобри времиња
И кај мене уште нема...стварно не е нормално...помина септември цел...ѕвонам од сабајле и не ми креваат.
Фала ти многу Сега им вртев одма ги добив, таа дури и прељубезна, ама ме имало во систем деновиве да чекам
Мајки јас ве поздравувам до следен пат. Денес последна исплата. Ви посакувам редовна исплата и до следно видување!
Дали некој зел прва исплата? Колку се неспособни боже, како задачи од квантна физика да решаваат, а не пресметка за плата.
Јасс земав денес, ама вчера си се јавив да си прашам што е проблемот. Е сеа дали тоа ја ,,бутна,, работава незнам ама битно денес легнаа парите
Се јавив пред две недели ми рекоа ме има во систем да очекувам во текот на месецот. Пари немам сеуште.
Здраво, трудничкото ми завршува и за два дена треба да се вратам на работа. Освен тоа што треба да им кажам и да продолжат дали треба да одам да ми се затвори боледувањето. Некој сега скоро да поминал низ процесов да ми помогне со информација?