Здраво девојки, дали некоја има искуство со примање плата и прилив од договор на дело за време на породилно? Договорот на дело (со друга фирма) ќе ми остане активен и ќе имам приход. Дали тоа има врска со платата што треба да ја префрла социјално?
Јас уште чекам последно породилно што треба да ми пуштат за август.. Бог знае како и по кој ред пуштаат искрено. Мене сите редовно ми ги пуштаа досега, само последново компликации. А исто, на другарка и колешка и пуштаа (иста банка и фирма како мене и една недела разлика породени) на 1-2ри месецот. Мене на 12-15ти. За сите кои чекаат последно треба фирмата нешто да направи корекција така ми кажаа ко се јавив во фондот, ма да еве кај мене и тоа го направија и уште нема ни трага ни глас од август породилното. Треба да земам за некои две недели од прилика.
Мене ова ми е последна исплата за 9ти месец породилно ама ја нема уште, обично на 10ти ја пуштаа ама сега каснат ... Дали и кај други мами касни последната исплата?
Во септмври ми заврши породилното ,користам боледување за нега на дете моментално …..исплста за септемри сеуште немам а 8 месеци ми пуштаа на ист датум .Имаат обичај да каснат со последната исплата или….и дали фзон на време пушта пари за продолжено породилно ?
Продолженото породилно е платено? Тоа се оние 3 месеци каде само здравственото ти е покриено, утвари е неплатено ама си осигурана? Или има некој новитет?
Користи боледување за нега на дете. 70% покрива фонд. @NIKA@ за исплата на боледувањето не доцнеа, до крајот на септември имав исплата за август
Дека членката пишала продолжено породилно. За боледување за нега треба посебни услови да се исполнат и на колку време се издава? Може некој детал плус.
Зависи од дијагнозата. Прво отвара боледување матичниот, па потоа со извештаи од специјалисти и конзилијарни мислења се оди на комисија за продолжување. Продолжувањето обично е месец за месец.