Девојки да прашам дали на некоја од вас и ги вади упатите со старо презиме? Ако е така како сменивте? Бидејќи гинекологот ми кажа да сменам за да немам проблем за породилно. Во социјално бев но од таму е сменето
Мене на хигиенски каде што носам брисеви никако не можеа да ми сменат презиме, а секаде на друго место сум со новово, така што не ми правеле проблем, плус во социјално штом е сменето не би требало да има проблем.
Влези на https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/ и види со кое презиме си. Ако си со старото, мислам дека треба да одиш до ФЗО.
Треба да се смени во фзо. Документите ми се поднесени на 3ти октомври, на порпдилно сум од август. Се јавував обработени се документите. Кога да очекувам прилив?
Мене последната исплата уште не ми е пуштена, обично ја пуштаа од 10-15, сега ги нема.. којзнае дали ќе биде наскоро
Денес ми пуштија, се јавив прво,па пипав маил и ми одговорија дека деновиве че оуштат, еве денес конечно пуштија
Мене денес ми пуштија прво породилно, но за 1500 ден ми е пониско од платата на која сум осигурана, нели беше 100 % породилното?
100% од просек од 12 плати. Да не имаш измени у платата последнава година? Или да не не ти е од 01ви во месецот рачуната.
Да, точно ми префрлиле, минатата година ноември и декември сум имала пониски плати. Јас мислев дека последните 6 месеци се гледа. Моја грешка.
Прашањето не е за овде, не знаев каде да прашам породилно ми трае до јануари, пд оваа година имам летен одмор неискористен, дали ќе ми следува во јануари? Или дека нова година е па ми припаѓа у 2022?
Дали на некој друг му има каснето породилното во однос на другите месеци? До сега секогаш на 15ти ми пуштале (1-2 дена плус ако е викенд) ама сега ептен касни нешто. 5та исплата треба да земам