Изгледа на некој праќаат на некој не. Не знам што да кажам. Во мојата фирма на мејл им пишале баш . Како и да е не ме чуди зошто ништо не функционира ко што треба.
И кај мене нема. Породена јануари. Кај да е од фирма ќе пуштат и за февруари плата, па можеби и кај мене породилното за јануари и февруари ќе стаса. Која е Ангела? Маил нејзин? Да се пробам и јас за информација да прашам.
Мене денес ми исплатија породилно, но само за еден месец, породена сум во јануари. Се надевам нареден месец ќе исплатат за два месеци
И јас немам за клексани земено уште. Поднесено исто почеток на јануари, мислам беше исто 9ти да барам треба бројче. Што да речам Јас имам некои 50 клексани за исплаќање. Божем бркав врски за прва група да ме стаат и да ми исплатат клексани побрзо, мало сутра!
Јас 70 имав. Никогаш волку не сум чекала за клексани. Сигурно е загубен предметот. Ќе ѕвонам утре да видам дали "прошло" на потпис. Последно во петокот се јавував.
Јас немам. Имало проблеми со пресметката, па сега не сакаат да ми одговорат дали е во ред корекцијата или не. 2 месеци седи си без примања. Нас не ни е 8 март, ниту било кој друг празник.
Кај мене било проблем што е последна исплата па некакво порамнување или не знам што од фирмата кај што работам требало да направат и да го однесат во фондот. Е ама ако не се јавив да прашам ни ќе знаев нити па ќе земев породилно.
Абе срамота, што пиша мајкава на нас парите од небо ни паѓаат, не ни е на нас 8ми март. Сакав да си купам сега нешто од попусти за 8ми март ама нацки, нема шанси, ќе купувам после по редовна цена, а не е луксуз, потреба е.
Ако може некој да им отиде таму да им списка малку да видиш како ќе пуштат одма, бар мене така ми успеа последниот пат со клексаните.
Ова со клексаниве е тотален безобразлук..не дека со боледувањата е како што треба..Почеток на декември е поднесено. Таква една тиња од држава сме..Мизерија е мал збор...Дно..